Убиени 11 Палестинци во израелските воздушни напади врз Појасот Газа

January 3, 2025
1 min read

ГАЗА, Палестина (АА) – Најмалку 11 Палестинци се убиени, а има и повредени во израелските воздушни напади врз пет дома во Појасот Газа, јавува Анадолу.

Според медицински извор, четворица Палестинци се убиени, а двајца се повредени во воздушен напад врз куќа и шатор западно од Деир ал Балах.

Изворот, исто така, објави дека беспилотно летало удрило во куќа во областа Ал Саварха, северно од Заваида, при што се убиени тројца Палестинци, меѓу кои еден новинар, а има и повредени.

Уште двајца Палестинци се убиени, а има и ранети кога цел на беспилотно летало бил дом јужно од бегалскиот камп Нусејрат.

Една жена им подлегнала на повредите добиени од воздушниот напад врз семејна куќа во Нусејрат доцна синоќа, додаде изворот.

Очевидци рекоа дека е забележано израелско артилериско гранатирање во северниот дел на Ал-Буреј, западно од Њу Камп и источните области на Нусејрат.

Во градот Газа убиен е еден Палестинец, а има и повредени во воздушниот напад чија цел бил апартман во близина на Абдул Ал Јункшн на улицата Ал Џалаа, според медицински извор.

Очевидци, исто така, објавија дека израелските поморски сили го гранатирале крајбрежјето на Газа и отвориле оган кон домовите по должината на брегот.

Во северниот дел на Газа израелската армија продолжи со интензивна офанзива во различни области.

Очевидци пријавија уривање на домови западно од кампот Џабалија, каде што исто така се слушнале големи експлозии.

Владината канцеларија за медиуми на Газа вчера соопшти дека во изминатите 24 часа израелската армија извршила 34 воздушни напади, насочени кон невооружени цивили низ целиот регион. Во овие напади се убиени 71 Палестинец, а десетици се повредени.

И покрај резолуцијата на Советот за безбедност на ОН со која се повикува на итен прекин на огнот, израелската армија продолжи со геноцидната војна во Газа во која уби повеќе од 45.550 Палестинци, главно жени и деца, од 7 октомври 2023 година.

Во ноември минатата година Меѓународниот кривичен суд издаде налози за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и неговиот поранешен министер за одбрана Јоав Галант за воени злосторства и злосторства против човештвото во Газа.

Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата за неговите постапки во енклавата.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Царината ќе презентира случај со спречен организиран криминал

Следно

Вилдан Акбај – една од ретките жени мајстори за обработка на кожа во Туркије

Latest from Blog

Дензел Дамфрис е нов играч на Реал Мадрид

Тимот на Реал Мадрид денеска и официјално го промовираше, Дензел Дамфрис за свој нов играч. Десниот бек досега беше дел од тимот на Интер, а од Мадрид одлучија да ја платат откупната

Нежната срна спасена, но со тешки последици сега живее на село, со мало јаре спасено од колење

Срната била пронајдена во житно поле во Кичевско, од двајца работници на ЕВН, со две речиси пресечени нозе и една тешко повредена. Според Здружението за заштита на животните „Анимал рескју проект“, некој

Телефонски разговор Трамп – Путин

Претседателите на Русија и на САД, Владимир Путин и Доналд Трамп, разговарале телефонски за актуелни меѓународни прашања, вклучувајќи го конфликтот во Украина, ситуацијата на Блискиот Исток и идната соработка меѓу двете земји, според

Игор Ивановски и “Реформаторите“ поради кои СДСМ ја изгуби власта

Игор Ивановски, човекот кој денес се претставува како голем реформатор и носител на „Платформата за иднината на Мицкоски“, беше Генерален Секретар на СДСМ, Потпретседател на СДСМ, а на последните парламентарни избори во
Go toTop