Уапсен турски државјанин за подметнати пожари во Атина

May 27, 2024
1 min read

За пожари на брдо во атинска населба, уапсен бил турски државјанин, кој го признал делото, а денеска ќе биде изведен пред јавен обвинител, јави дописничката на МИА од Атина.

Министерот за климатски кризи и цивилна заштита на Грција Василис Кикиљас преку платформата Икс соопшти дека на конкретното брдо во текот на месецов имало три пожари, кои успешно биле локализирани, а вчера бил „уапсен виновниот пироман, турски државјанин, кој го призна своето кривично дело“.

-Многупати кажавме: Ќе бидеме безмилосни со подметнувачите на пожар, порача Кикиљас.

Според извори од Министерството за миграција и азил на Грција, уапсениот Турчин нелегално влегол во Грција преку копнената граница кај Еврос и на почетокот на април доставил барање за азил, а за следниот месец имал закажан термин за интервју за азил. (МИА)

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Русија, на окупираните територии, ги принудува младите Украинци да се борат против Украина

Следно

Свлечиште затрупа над 2.000 луѓе во Папуа Нова Гвинеја во петокот

Latest from Blog

„Тајм“: Трамп го прашал „Грок“ што би се случило ако го уапси Мадуро

Ова се случило неколку недели пред тој да нареди операција за негово приведување, открива списанието „Тајм“. Наводно, вештачката интелигенција му рекла на Трамп дека многумина во Венецуела веројатно би го прославиле падот

Барселона пронајде нов десен бек во Фиорентина, но ќе има конкуренција во Јувентус и Милан

Бразилскиот дефанзивец на Фиорентина, Додо, се најде на радарот на неколку европски гиганти и наскоро би можел да ја промени средината. Иако сезоната е во полн ек, најголемите европски клубови веќе ги

Тајван ги доби првите нови американски авиони Ф-16, нарачани се 66

Авионите слетаа во воздухопловната база Чиханг во источниот округ Тајтунг околу пладне, по летот од Хаваи и попатното застанување во Гуам. Тајванскиот претседател Вилијам Лаи Чинг-те изјави дека пристигнувањето на авионите претставува
Go toTop