Уапсен таткото на момчето кое пукаше во училиштето во Врачар

May 3, 2023
1 min read

Родителот тврди дека имал неколку оружја и ги чувал заклучени. Тој имал повеќе оружја од 2016 и 2017 година, а сефот имал шифра, изјави српскиот министер за внатрешни работи Братислав Гашиќ

Таткото на Коста К. (14), осомничен дека утринава во ОУ „Владислав Рибникар“ уби осум ученика и еден чувар, денеска е уапсен, соопшти на прес-конференција српскиот министер за внатрешни работи Братислав Гашиќ.

Гашиќ изјави дека двата пиштоли кои биле пронајдени кај момчето имале законски дозволи.

„Родителот тврди дека имал неколку оружја и ги чувал заклучени. Тој имал повеќе оружја од 2016 и 2017 година, а сефот имал шифра. Очигледно е дека детето ја имало шифрата штом успеало да ги фати тие два пиштола и три рамки полни со по 15 куршуми“,

рече Гашиќ.

Како што претходно објавија српските медиуми, таткото на момчето кое пукаше, бил познат радиолог и бил љубител на оружје.

Началникот на полицијата во Белград, Веселин Милиќ, соопшти детали за денешното пукање. Тој соопшти дека утрово околу 8:40 прва во полиција се јавила заменик-директорката Иванка Јовановиќ и рекла дека ученик влегол со огнено оружје и пука по случаен избор. Полициски патроли веднаш се упатиле на терен. Две минути подоцна, откако пукало, се јавило и момче кое се претставило како Коста Кецмановиќ, а кој подоцна беше идентификуван како напаѓач.

Поврзани вести:

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

(ВИДЕО) Мајка на ученичка по масакрот во Белград: Моето дете е уште во шок, под адреналин, не можеме да го смириме

Следно

Момчето само се јавило во полиција и пријавило дека пукало, имало список и план, објави српското МВР

Latest from Blog

ФОТО: Невеш со емотивна објава се прости од Жота – „Животот нè спои и сега ништо не може да нè раздели“

Фудбалскиот свет сè уште е во шок по трагичната смрт на ѕвездата на Ливерпул и португалски репрезентативец, Диого Жота заедно со својот брат Андре го загуби животот во сообраќајна несреќа во четвртокот

АТС АММО: Пожарот во близина на Самоков целосно локализиран и изгаснат, без опасност по фабриката

Компанијата АТС АММО од Самоков, Македонски Брод, излезе со соопштение по повод денешниот пожар што избувна во близина на нивната фабрика. Од таму информираат дека пожарот бил целосно локализиран и веднаш потоа

Високи температури утре низ државата; портокалово предупредување од УХМР

Утре (недела, 6 јули 2025) се очекува стабилно, претежно ведро време со изразен пораст на температурата и активен портокалов аларм за екстремна горештина на целата територија на Македонија. Општинските служби советуваат ограничување

Израел ќе испрати делегација во Катар на преговорите за прекин на огнот во Појасот Газа

Израелски медиуми објавија дека Израел ќе испрати делегација во Катар која ќе преговара за ослободување на заложниците и прекин на огнот во Појасот Газа. Но, не е прецизирано кога израелската делегација ќе
Go toTop