Уапсен основачот и извршен директор на „Телеграм“ Павел Дуров

August 25, 2024
1 min read

Основачот и главен извршен директор на популарната апликација за пораки Телеграм, Павел Дуров е уапсен од француската полиција на аеродромот Бурже, северно од Париз. 39 годишниот француско-руски милијардер пристигнал во Париз од Азербејџан со својот приватен авион.

Истрагата против Дуров наводно се однесува тоа што тој како извршен директор не презел чекори да го спречи користењето на Телеграм за криминални цели. Француската канцеларија задолжена за спречување насилство врз малолетници, издала налог за апсење на Дуров во прелиминарна истрага за наводни прекршоци, вклучувајќи измама, трговија со дрога, сајбер-малтретирање, организиран криминал и промовирање тероризам.

Во 2020-тата година, во Македонија беше обелоденет скандалот со групата Јавна соба. Токму на апликацијата Телеграм под тоа име постоеше група на над 7 илјади корисници кои здружено објавуваа фотографии од жени и девојки, а често беше споделувана и порнографска содржина. Откако се прочу за скандалозната групација со која масовно се наруши приватноста на стотици жени и девојки од Македонија, креаторите на групата ја затворија.

Една година подоцна имаше уште еден сличен обид кој по интервенција на МВР беше затворен од апликацијата Телеграм. Скопскиот Кривичен суд во 2022 година донесе пресуда во предметот „Јавна соба“ со која на обвинетите во случајот на кои им се судеше за производство и дистрибуција на детска порнографија им беа изречени казни затвор во траење од по 4 години.

Инаку, Дуров е роден во Русија и живее во Дубаи. Тој ја основаше платформата во 2013 година, а една година подоцна ја напушти Русија откако одби да одговори на барањата на властите во Москва да ги исклучи опозициските групи од неговата социјална платформа ВКонтакте, што претходно ја основаше и во меѓувреме ја продаде. Апликацијата Телеграм беше забранета во Русија во 2018 година, откако Дуров одби да ги предаде на властите податоците на корисниците, но по три години, односно во 2021 година забраната беше повлечена. По неговото апсење,  портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, на Телеграм објави пост во кој прашува дали западните невладини организации за човекови права ќе молчат за апсењето. 

Критики за апсењето на Дуров упати и сопственикот на „Икс“, Илон Маск, кој побара слобода за Павел.

„Во Европа е 2030 година и те погубуваат затоа што лајкуваш меме.“ – изјави Илон Маск.

Сличен став има уште еден американец, тв-водителот Карлсон Такер кој пред неколку месеци успеа да направи интервју со Павел Дуров 

„Павел Дуров ја напушти Русија кога владата се обиде да ја контролира неговата компанија за социјални медиуми Телеграм. Но, на крајот, Путин не го уапси затоа што и дозволи на јавноста да практикува слободен говор. Тоа беше западна земја, сојузник на администрацијата на Бајден и ентузијастичка членка на НАТО, која го затвори.“ – изјави Карлсон Такер.

Телеграм е рангирана како една од главните платформи за социјални медиуми по Фејсбук, Јутјуб, Ватсап, Инстаграм, ТикТок и Вичет. Вредноста на оваа платформа се проценува на 30 милијарди долари.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

На ГП „Деве Баир“ се предал Дејан Давидовски баран со меѓународна потерница за настаните во Собранието од 27 април

Следно

Почнува процесот на интеграција на 32 клиники во една, Таравари откри детали

Latest from Blog

Коњановски: Три нови спомен-соби за музиката, историјата и културното наследство на Битола

Музичка соба, Градска соба и Соба посветена на историјата на Офицерскиот дом се трите нови тематски простори што Битола ги отвори во чест на професорот Александар Стерјовски. Отворањето е дел од четвртоноемвриската

Трафигура, мнозински сопственик во проектот за рудникот „Иловица–Штука“, инвестира над една милијарда долари во американски рафинерии

Трафигура, мнозински сопственик на Еуромакс Ресоурцес, компанијата концесионер на проектот за рудникот Иловица–Штука, склучи стратешки договори со американската компанија CVR Energy за поддршка на нејзиното планирано преземање на две рафинерии во САД.

Проданоски: Честит 3 Ноември, вечна почит за хероите што ни оставија слободен Прилеп

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, упати честитка по повод 3 Ноември – Денот на ослободувањето на градот, оддавајќи почит на борците и повикувајќи на заедничка работа за подобри услови за живот и

ЖРСМ Транспорт: Препораките на ревизорите ги претвораме во конкретни мерки

ЖРСМ Транспорт АД – Скопје со целосна институционална одговорност постапува по препораките содржани во Конечниот извештај на Државниот завод за ревизија. Препораките ги прифаќаме како важна основа за унапредување на законитоста, транспарентноста,

Општина Битола: Промовиран филм за музичкото наследство на Ајри Демировски

Документарниот филм „Битола, мој роден крај“, посветен на животот, творештвото и споменот на Ајри Демировски, синоќа беше промовиран во рамките на програмата „Сите бои на сеќавањето“, со која се одбележува Денот на
Go toTop