Почнува процесот на интеграција на 32 клиники во една, Таравари откри детали

August 25, 2024
1 min read

Ќе успее ли Арбен Таравари да ги спои клиниките на Клинички во една целина која ќе ја раководат еден или двајца менаџери? Министерот за здравство цврсто стои позади планот кој неговите претходници го ветуваа со години. Таравари најави дека во првите денови од септември ќе ги седне на маса раководителите на клиниките – за да се направи анализа и да се бараат решенија кој и како да раководи со најголемиот здравствен центар во Македонија, анализира Алфа.

-Од 2-ри септември ќе имам советодавно тело во Министерството со кое што ќе започнеме процесот на интеграција. А тоа е интеграција на Клинички центар и тоа беше ветување да немаме 32 клиники на Клинички центар каде што имаме по пет членови на управен одбор туку да биде еден клинички како секаде во светот. И да има еден директор или двајца директори евентуално борд од директори, ќе видиме кое е најдобро можно решение, изјави Таравари во политичкиот магазин на Алфа, „За или против”.

Инаку, сегашните 30-тина медицински и исто толку организациски директори, како и управни одбори во секоја здравствена установа на Клинички или околу 200 функционери, граѓаните ги чинат околу 1 милион евра. Речиси сите министри последните седум години најавуваа дека ќе ги укинат организациските директори, истото го вети и СДСМ во предизборната програма 2016-та. Но, тоа не се случи.

Идејата на Таравари не е спојување само на скопските клиники, тој вели дека доколку се направи добра реогранизација, болниците ќе раководат и со здравствените домови ширум државата.

-Со истиот закон ќе се направат промени и во сите градови .На пример, постои општа болница во Штип, постои здравствен дом во Штип, ние ќе одиме со интегрирање за во секој град да има една јавна здравствена установа. Потоа ќе има шефови за примарно, секундарно здравство епидемиологија и превентива, изјави министерот за здравство.

Инаку, пред само неколку недели министерството за здравство со Владина одлука ги разреши организациските директори во јавните здравствени установи. Таравари смета дека тоа е огромен чекор за да се почне со промените.

Со оваа одлука за најмалку половина милион евра ќе биде побогата здравствената каса за една година. Оваа заштеда е само од укинување на функцијата организациски директор, а во иднина нема да има трошоци за секретари, службени возила, телефони и патувања во странство што досега ги користеа овие функционери.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Уапсен основачот и извршен директор на „Телеграм“ Павел Дуров

Следно

Во гаснење на пожарот на планината Мукос утре ќе се вклучат воздухоплови и припадници на Армијата и МВР

Latest from Blog

Коњановски: Три нови спомен-соби за музиката, историјата и културното наследство на Битола

Музичка соба, Градска соба и Соба посветена на историјата на Офицерскиот дом се трите нови тематски простори што Битола ги отвори во чест на професорот Александар Стерјовски. Отворањето е дел од четвртоноемвриската

Трафигура, мнозински сопственик во проектот за рудникот „Иловица–Штука“, инвестира над една милијарда долари во американски рафинерии

Трафигура, мнозински сопственик на Еуромакс Ресоурцес, компанијата концесионер на проектот за рудникот Иловица–Штука, склучи стратешки договори со американската компанија CVR Energy за поддршка на нејзиното планирано преземање на две рафинерии во САД.

Проданоски: Честит 3 Ноември, вечна почит за хероите што ни оставија слободен Прилеп

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, упати честитка по повод 3 Ноември – Денот на ослободувањето на градот, оддавајќи почит на борците и повикувајќи на заедничка работа за подобри услови за живот и

ЖРСМ Транспорт: Препораките на ревизорите ги претвораме во конкретни мерки

ЖРСМ Транспорт АД – Скопје со целосна институционална одговорност постапува по препораките содржани во Конечниот извештај на Државниот завод за ревизија. Препораките ги прифаќаме како важна основа за унапредување на законитоста, транспарентноста,

Општина Битола: Промовиран филм за музичкото наследство на Ајри Демировски

Документарниот филм „Битола, мој роден крај“, посветен на животот, творештвото и споменот на Ајри Демировски, синоќа беше промовиран во рамките на програмата „Сите бои на сеќавањето“, со која се одбележува Денот на
Go toTop