Тутунарите барат откупната цена да не биде под 600 денари

December 5, 2024
1 min read

Просекот кој ќе се постигне на ниво на држава ќе биде биде поголем од минатогодишниот, порача министерот за земјоделство Цветан Трипуновски при денешната посета на градскиот откупен пункт во прилепскиот Тутунски комбинат. Досега се откупени 1 400 тони тутун по просечна цена од 374, 3 денари и се исплатени 45 проценти од откупениот тутун. Земјоделскиот инспекторат го следи овој процес.

Од Сојузот на тутунските здруженија не се откажуваат од барањето до откупувачите за зголемување на цената.

„Сме во преговори со откупувачите и со министерството да дојдеме до поголема цена. Ние од тоа не се откажуваме, рече Кире Ристески, претседател на Сојузот на тутунските здруженија.

И од Националната земјоделска мрежа сметаат дека откупот под 600 денари за килограм е економски неодржлив.

-Со измените во Законот за тутун на откупните фирми им е дава дискреционо право да ја формираат цената притоа да не ги земаат во предвид реалните трошоци за производство. Ставот на Националната земјоделска мрежа е дека тутунот реално треба да се плати по просечна откупна цена од 600 денари за килограм. Ние се повикуваме на ставот на тутунарите во Прилеп кој јасно кажаа дека откупот под 600 денари за килограм е економски неодржлив, изјави за весникот ВЕЧЕР, Ѓорѓи Каракашев, претседател на Националната земјоделска мрежа.

ИЗВОР: racin.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Мицкоски-Касаноф: Поддршка од САД за аспирациите на Македонија за целосна евроатлантска интеграција

Следно

УНЕСКО ЈА ЗАШТИТИ ГАЈДАТА КАКО НЕМАТЕРИЈАЛНО КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО НА ЧОВЕШТВОТО

Latest from Blog

Тешка сообраќајна несреќа во Грција: Загинаа татко и син во судир со камион управуван од Македонец

Во сообраќајка во која учествувале камион управуван од Македонец и автомобил со четиричлено семејство од Грција, возачот на автомобилот починал на самото место, а неговиот син подоцна им подлегнал на повредите. Мајката

Град Скопје: Обвинителството ја почна постапката по првата пријава за Општина Чаир

Градот Скопје денеска соопшти дека Обвинителството ја започнало постапката по првата пријава за градби во Општина Чаир. – Основното јавно обвинителство ја започна постапката по првата пријава со фалсификатите. Таму веќе се

Пожар во валандовско, огнот брзо се шири и го загрозува селото Јосифово – побарана воздухопловна поддршка

Во текот на денешниот ден на територијата на Општина Валандово, во атарот на селото Јосифово, избувна пожар во сува трева. Поради силен ветер и високи температури, огнот брзо се прошири и го
Go toTop