УНЕСКО ЈА ЗАШТИТИ ГАЈДАТА КАКО НЕМАТЕРИЈАЛНО КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО НА ЧОВЕШТВОТО

December 5, 2024
1 min read

Културното добро „Традиционална изработка и свирење на гајда“ од денеска е впишано на Репрезентативната листа на УНЕСКО за нематеријално културно наследство на човештвото, соопшти Министерството за култура. Мултинационалната номинација, поднесена од Македонија и Турција, беше разгледана и усвоена на денешната сесија на 19. СОМ на Меѓувладиниот комитет на УНЕСКО за заштита на нематеријалното културно наследство, што се одржува во Асунсион, Парагвај.

Македонија после 7 години впишува уште едно нематеријално културно добро на листите на УНЕСКО, со што вкупниот број на впишани заштитени добра од нашата држава е 6, од кои веќе 2 заеднички со Турција.

Номинацијата беше подготвена со меѓусебна координација на македонскиот тим, составен од претставници од Управата за заштита на културното наследство и од Институтот за фолклор „Марко Цепенков“ од Скопје, и експерти од Министерството за култура и туризам на Турција.

Македонија за првпат стана дел од државите со впишано нематеријално културно наследство на листите на УНЕСКО во 2013 со впишувањето на „Чет’рсе – празнувања на Светите Четириесет маченици во Штип“, потоа „Копачката“ – машко соборско оро од село Драмче, Пијанец“ (2014 ), заедничката апликација на  Македонија и Турција „Пролетна прослава Х’дрлез“ и мултинационалната апликација на Македонија, Бугарија, Романија и на Молдавија „Културни практики поврзани со 1 Март“ (2017) на Репрезентативната листа на УНЕСКО на нематеријално културно наследство на човештвото, и со впишувањето на „Гласоечко – двогласно машко пеење во Долни Полог“ (2015 ) на Листата на УНЕСКО на нематеријално културно наследство за ургентна заштита.

На сесијата присуствува Весела Честоева, директорка на Управата за заштита на културното наследство, и  Ивона Опетческа-Татарчевска, виш соработник за фолклорни добра и национално контакт-лице за Конвенцијата на УНЕСКО за заштита на нематеријалното културно наследство.

 

ИЗВОР: sdk.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Тутунарите барат откупната цена да не биде под 600 денари

Следно

Минчев: Крахот на СДСМ е поради високиот степен на корупција, и тоа што стана партија приврзок на ДУИ

Latest from Blog

Трамп и конфликтот со Европа: ЗАД СЕ СТОИ ТАЈНИОТ АРХИТЕКТ НА НОВАТА АМЕРИКАНСКА ПОЛИТИКА

Веројатно никогаш не сте слушнале за Енди Бејкер. Но, тој е водечкиот интелектуалец во Советот за национална безбедност (НСЦ) чии потези би можеле да ја одредат иднината на надворешната политика на Републиканската

Ковачки: Го поседувам највисокиот национален безбедносен сертификат државна тајна, како и највисокиот НАТО сертификат

Новиот генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ и актуелен пратеник во македонското Собрание, Драган Ковачки, вечерва гостуваше во Тема на денот на Сител телевизија при што одговори на лиферуваните лаги и манипулации со клевети

Владата меѓу договор и генерален штрајк

Идната недела ССМ на блокади, УПОЗ во обид да го скрои договорот за повисоки плати во нивните редови. Во Министерството за финансии попладнево синдикатот и надлежните ќе работата на документот со кои

Трамп го отстрани, но не се извинува видеото на кое Мишел и Барак Обама се прикажани како мајмуни

Трамп призна дека им наложил на помошниците да го објават, но тврди дека не го видел навредливиот дел од видеото.  Контроверзната снимка се појави на една од објавите на неговата платформа truth
Go toTop