Турција туристички ја претицува Франција

December 15, 2023
1 min read

Турција не е само рај заради впечатливите предели како Кападокија или сочните турски кебапи, таа нуди и квалитетни медицински третмани по пристапни цени и станува европски хот-спот за таканаречениот здравствен туризам.

Земјата бележи скок од 70% во овој туристички жанр, во споредба со пред-пандемиските времиња.

Во 2022 година, над 44,6 милиони луѓе ја посетиле Турција, од кои 1,2 милиони биле „медицински туристи“. Годинава бројките ќе бидат уште подобри бидејќи во првата половина на 2023 година, медицински услуги побарале околу 750.000 странски туристи.

Голем дел од тоа се стоматолошки интервенции, поконкретно ставање забни навлаки. Овој дентален тренд на Запад веќе се нарекува „турски заб.

Се оди и за трансплантација на коса, ласерски корекции на очи и операции за губење килажа, третмани кои таму се далеку поевтини отколку во западните европски земји.

 

ИЗВОР: off.net.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Премиера на првата професионална претстава „Инсомнија“ во продукција на НУ Центар за култура „Браќа Миладиновци“- Струга

Следно

(ВИДЕО) Ново издание на 360°: „Ти го плукаш, тој мисли врне“ – продолжува злоупотребата на државни автомобили

Latest from Blog

Божиновска: Енергетската транзиција мора да значи инвестиции, модерна инфраструктура и сигурна иднина

Праведната енергетска транзиција мора да значи конкретни инвестиции, модерна инфраструктура и сигурна енергетска иднина, порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска. Таа информираше дека е одржан координативен состанок со

САД признаваат дека поседуваат оружје во вселената, Русија веднаш повикува на забрана

Рускиот заменик-министер за надворешни работи, Сергеј Рјабков, изјави дека Москва смета оти сè уште не е доцна за правно обврзувачки договор со кој би се забранило распоредувањето на офанзивно оружје во вселената.

Меџити по пресудата во Хаг: Борбата за вистината продолжува

Копретседателот на ВЛЕН и градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, ја оцени како разочарувачка и длабоко неправедна денешната одлука на Хашкиот суд за поранешните лидери на ОВК. Меџити во својата реакција порача
Go toTop