Турција и Сенегал потпишаа четири договори во областа на одбраната, медиумите и образованието

August 7, 2025
1 min read

Турција и Сенегал денес потпишаа четири договори за унапредување на соработката во областите на одбраната, медиумите и образованието, јавува Анадолу.

По тет-а-тет средбата меѓу турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и сенегалскиот премиер Усман Сонко во Претседателскиот комплекс во Анкара, и меѓуделегацискиот состанок, двете земји одржаа церемонија на потпишување на договорите.

Турскиот министер за национална одбрана, Јашар Ѓулер, и сенегалскиот министер за вооружени сили, генерал Бираме Диоп, го потпишаа Договорот за воена финансиска соработка, заедно со Првиот амандмански протокол за имплементација на готовинска помош, од 28 јануари 2020 година.

Договорот за копродукција и соработка во областите на филмот, аудиовизуелната и мултимедијалната индустрија го потпишаа турскиот министер за трговија, Омер Болат, и сенегалскиот министер за африканска интеграција и надворешни работи Јасин Фол.

Дополнително, меморандумот за разбирање помеѓу Советот за високо образование на Турција (YOK) и Министерството за високо образование и научни истражувања на Сенегал за соработка во областа на високото образование во периодот 2025-2028 година го потпишаа претседателот на Советот, Ерол Озвар, и Фол.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

МАСАР ОМЕРАГИЌ за КУРИР: Што се случува во ФФМ во моментов, кои се идните планови на новиот претседател?!

Следно

Нов „Марш на ангелите“ во сабота

Latest from Blog

Трамп најави отворање на воена база во Полска: Одлична вест!

Во објавата, Трамп ја пофали соработката со полскиот претседател Карол Навроцки. „ОДЛИЧНИ ВЕСТИ! Благодарение на храброто водство на мојот пријател, полскиот претседател Карол Навроцки, постигнат е голем напредок кон воспоставување американска воена

Protestuesit nisin të mblidhen para Qeverisë

Qytetarë të shumtë kanë nisur të mblidhen edhe sonte në sheshin “Skënderbeu” në Prishtinë, për të protestuar pas vendimit të Gjykatës Speciale në Hagë për dënimin e ish-krerëve të Ushtrisë Çlirimtare të
Go toTop