Турско МНР: Туркије најостро ги отфрла израелските изјави кои повикуваат на анексија на окупираниот Западен Брег

November 12, 2024
1 min read

АНКАРА (АА) – Туркије денес „најостро“ ги отфрли неодамнешните изјави на највисоките израелски официјални лица кои повикуваат на анексија на окупираниот Западен Брег, соопшти турското Министерство за надворешни работи, јавува Анадолу.

„Овие изјави, кои се во спротивност со меѓународното право и решението за две држави, се доказ дека крајната цел на Израел е заземање на палестинските територии“, се вели во соопштението на Министерството.

Недостигот на казни за тековната израелска „политика на геноцид и окупација“ врз Палестинците дополнително го охрабрува израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и неговите поддржувачи, се наведува во соопштението.

Министерството го повика Советот за безбедност на ОН и меѓународната заедница да заземат силен став против „незаконската“ политика на Израел.

Екстремно десничарскиот министер за финансии на Израел, Безалел Смотрич, вчера на состанокот на групата на неговата екстремно десничарска Религиозна ционистичка партија, рече дека е време за анексија на окупираниот Западен Брег, додавајќи дека им наредил на релевантните институции да започнат со работа на планот за анексија.

„2025 година ќе биде ‘година на анексија’ на Западниот Брег“, рече тој.

Смотрич во јуни оваа година ги потврди извештаите на „Њујорк тајмс“ дека имал „таен план“ да го анектира Западниот Брег и да ги спречи сите напори за негово инкорпорирање во идна палестинска држава.

Меѓународниот суд на правдата (МСП) во јули оваа година го потврди правото на Палестинците на самоопределување, тврдејќи дека израелските населби на окупираната земја мора да се уништат.

Израелскиот дневен весник „Хајом“, исто така, објави дека високи израелски функционери подготвуваат планови за проширување на суверенитетот врз одредени населени блокови на окупираниот Западен Брег, одобрување илјадници станбени единици и укинување на санкциите за доселениците.

Според израелските проценки, повеќе од 720.000 нелегални доселеници живеат во населбите на Западниот Брег, вклучувајќи го и Источен Ерусалим.

Според меѓународното право, сепак, сите населби на Западниот Брег и Источен Ерусалим се сметаат за нелегални.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

MARKETING

MARKETING

Претходно

Јокиќ главен фаворит за освојување на наградата МВП на сезоната во НБА

Следно

Отповикани седум амбасадори на Македонија, претседателката донесе одлука – еве за кого станува збор

Latest from Blog

Градоначалникот на Дојран, Ангов: Будно ја следиме состојбата со пожарите на терен

Градоначалникот на Дојран, Анго Ангов, вечерва преку својот фб профил им се заблагодари на сите учесници кои учествуваа во гаснењето на пожарот крај Дојранското Езеро. Фб, статусот ви го пренесуваме во целост:

Министерство за здравство: Се следи состојбата со пожарите на терен и се постапува согласно развојот на настаните

Министерството за здравство информира дека во контекст на актуелните пожари, здравствениот систем „е целосно мобилизиран и подготвен за навремен и соодветен одговор на евентуалните последици“… Формирани се дополнителни медицински тимови, обезбедени се

Челникот на Анадолу на изложбата на İstanbul Photo Awards: Секоја фотографија ја пренесува состојбата на светот

ИСТАНБУЛ (АА) – „İstanbul Photo Awards“ уште еднаш покажува дека секоја фотографија со документарна вредност не е само слика туку јазик за разбирање и пренесување на состојбата на светот и суштината на
Go toTop