Турските сили неутрализираа петмина терористи на ПКК во Северен Ирак

March 11, 2024
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Турските безбедносни сили неутрализираа петмина терористи на ПКК во Северен Ирак, соопшти денес турското Министерство за национална одбрана, пренесува Анадолу.

Тројца терористи се неутрализирани во областа на операцијата „Канџа-катанец“ во Северен Ирак и двајца во регионот Хакурк, соопшти Министерството на платформата Х.

Борбата на Туркије против тероризмот „продолжува ефективно и решително“, се додава од Министерството.

Во својата над 35-годишна терористичка кампања против Туркије, ПКК, која е ставена на листата на терористички организации од страна на Туркије, САД и ЕУ, е одговорна за смртта на над 40.000 луѓе, меѓу кои и деца и жени.

Терористите на ПКК често се кријат во Северен Ирак за да планираат прекугранични напади во Туркије.

Туркије ја започна операцијата „Канџа-катанец“ во април 2022 година со цел уништување на засолништата на терористичката организација ПКК во северните ирачки региони Метина, Зап и Авашин-Басјан во близина на турската граница.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Најмалку 50 повредени во инцидент во авион

Следно

Закон како поттик да се студира македонски јазик

Latest from Blog

Поморската мисија на ЕУ предупредува дека нападите на Хутите можат да го попречат бродскиот превоз

Бродовите во областа би можеле да бидат цел, соопшти мисијата со седиште во Лариса, Грција, повикувајќи ги превозните компании чии бродови се наоѓаат во регионот да бидат особено внимателни. Предупредувањето доаѓа откако

Променливо облачно време со краткотраен локален дожд

Времето денеска променливо облачно со услови за краткотраен локален дожд во источните делови. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималните температури наместа ќе се спуштат под нула, а дневната

Навивач почина на стадионот каде што ќе се отвори Светското првенство

Навивач почина во саботата на новореновираниот стадион „Банорте“ во Мексико Сити откако падна од ложа кратко пред натпреварот за повторно отворање на стадионот, соопштија безбедносните претставници. Трагедијата се случила во објектот попознат
Go toTop