Турските сили неутрализираа 13 терористи на ПКК/ЈПГ во Северен Ирак и Сирија

July 2, 2024
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Турските безбедносни сили неутрализираа вкупно 13 терористи на ПКК/ЈПГ во северниот дел на Ирак и Сирија, во близина на границата со Туркије, соопшти денес турското Министерство за национална одбрана, јавува Анадолу.

„Турските вооружени сили неутрализираа 10 терористи на ПКК откриени во зоните на операцијата ‘Канџа’ и операцијата ‘Канџа-катанец’ во Северен Ирак и тројца терористи на ПКК/ЈПГ во Северна Сирија и зоните на (операцијата) ‘Маслинова гранка’“, соопшти Министерството на Х.

Турските вооружени сили продолжуваат да ги уништуваат засолништата на терористите, се додава.

Туркије во 2022 година ја започна операцијата „Канџа-катанец“ за да ги таргетира засолништата на терористичката организација ПКК во северните ирачки региони Метина, Зап и Авашин-Басјан.

Терористичката организација ПКК е позната по тоа што го користи Северен Ирак, во близина на турската граница, како засолниште за планирање и изведување терористички напади на територија на Туркије и врз локалното население во Северна Сирија.

Од 2016 година Анкара започна три успешни антитерористички операции преку својата граница во Северна Сирија за да спречи формирање терористички коридор и да овозможи мирно враќање на жителите: „Штитот на Еуфрат“ (2016), „Маслинова гранка“ (2018) и „Извор на мирот“ (2019).

Во својата речиси 40-годишна терористичка кампања против Туркије, ПКК, која е ставена на листата на терористички организации од страна на Туркије, САД и ЕУ, е одговорна за смртта на повеќе од 40.000 луѓе, меѓу кои и жени и деца. ЈПГ е сириски огранок на ПКК.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ОН проценуваат дека 250.000 луѓе ќе мора да го напуштат Кан Јунис

Следно

Лајчак за денеска во Брисел свика ново продолжение на дијалогот меѓу Белград и Приштина

Latest from Blog

Божиновска: Со понискиот ДДВ го намалуваме ударот од цените на горивата

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, информира дека Владата ја продолжи мерката со која ДДВ за дизелот се задржува на повластена стапка од 10 проценти, до 12 октомври. Божиновска

Мурињо требало да биде тренер на Барселона во периодот пред Гвардиола да пристигне на „Камп Ноу“

Приказната на Жозе Мурињо со Барселона можела да тргне во сосема поинаков правец. Долго пред да стане еден од најголемите ривали на Каталонците како тренер на Реал Мадрид, португалскиот стручњак бил исклучително

74 милиони денари промет на Македонската берза, МБИ10 со минимален пад

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 28.09.2026 заврши со минимален пад на индексот МБИ10, кој изнесуваше 8.722,45 поени. Во
Go toTop