Лајчак за денеска во Брисел свика ново продолжение на дијалогот меѓу Белград и Приштина

July 2, 2024
1 min read

Во Брисел денеска ќе се одржи нова рунда од дијалогот меѓу Белград и Приштина на ниво на главни преговарачи. Специјалниот пратеник на ЕУ за дијалогот меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак, изјави дека ќе свика средба на главните преговарачи на двете страни со цел да се разработат конкретни чекори за деблокирање на имплементацијата на договорот за патот кон нормализирање на односите. 

Лајчак на Фејсбук потсети дека тој и високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жосеп Борел, минатата недела беа домаќини на српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер Албин Курти во Брисел, на средба во рамките на дијалогот Белград-Приштина „за жал, не видовме никаков напредок во спроведувањето на договорот за патот кон нормализација. Дискусиите беа предизвикувачки како и секогаш. Сепак, нашата работа продолжува утре кога ќе ги повикам главните преговарачи да разработат конкретни чекори за деблокирање на имплементацијата од договорот“, наведе синоќа Лајчак на Фејсбук.

Извор: 24vesti.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Турските сили неутрализираа 13 терористи на ПКК/ЈПГ во Северен Ирак и Сирија

Следно

Самарас го повика Мицотакис да подготви повлекување од „национално опасниот Договор од Преспа“

Latest from Blog

Ердоган: Очекуваме единството на алијансата да биде нагласено на самитот на НАТО

Тој повика на укинување на ограничувањата за трговија со оружје и воена опрема и на Анкара да ѝ биде дозволено да учествува во иницијативи за зајакнување на европската безбедност, објави Ројтерс. Анкара

Проданоски им оддаде признание на учениците за филмот „Девојките на Марко“

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, оствари средба со членовите на драмската секција „Слободно театарче“ при СОУ „Ѓорче Петров“, при што им оддаде признание за нивната посветеност и успехот со реализацијата на долгометражниот

Проданоски: Прилеп е целосно подготвен за превенција и брза реакција при пожари на отворено

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, соопшти дека Општината е целосно подготвена за превенција и справување со пожари на отворено во пресрет на летната сезона, по денешниот координативен состанок на Општинскиот штаб за
Go toTop