Турските дронови Бајрактар ќе се извезуваат во Индонезија

February 12, 2025
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Беспилотните летала Бајрактар на турскиот одбранбен производител Бајкар ќе бидат извезени во Индонезија како дел од склучен договор, јавува Анадолу.

Извршниот директор на Бајкар, Халук Бајрактар, ​​и основачот на Републикорп (Republikorp), Норман Џусуф, денес потпишаа договор за заедничко производство за извоз на беспилотните летала Бајрактар ТБ3 и Акинџи.

Договорот е еден од десетината договори потпишани на маргините на посетата на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган на Индонезија.

Според извор, во Индонезија ќе бидат извезени 60 дронови Бајрактар ​​ТБ3 и девет Бајрактар ​​Акинџи.

ТБ3 е напреден модел на дронот ТБ2, кој е продаден во рекорден број земји низ светот.

Со својата структура на преклопни крила, Бајрактар ТБ3, пак, е способен да полетува и слетува од бродови со кратки писти.

Беспилотното летало Акинџи има голема моќ на одвраќање на бојното поле поради неговите можности за голема височина, продолжената издржливост и разновидните опции за носивост. Исто така, им помага на тимовите за хуманитарна помош за време на мисиите за пребарување и спасување, при земјотреси и пожари.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Раселените Палестинци продолжуваат да се враќаат во своите домови во северна Газа

Следно

Владата го објави новиот повик за финансирање општински проекти

Latest from Blog

Аксиос: Турција, Египет и Пакистан посредуваат меѓу САД и Иран за смирување на конфликтот

Високи претставници на трите земји одржаа одделни разговори со претставникот на Белата куќа, Стив Виткоф, и шефот на иранската дипломатија, Абас Арагчи, наведе извор пренесен од американскиот портал. „Медијацијата е во тек

Повторно ќе сведочи ,,клучниот” сведок за грабнувањето на внукот на Љубе Бошкоски, Самоил

Поминаа три години од денот кога му се изгуби секаква трага на Самоил Костадиновски, кој е внук од брат на сопругата на поранешниот министер за внатрешни работи Љубе Бошкоски. Тој бил киднапиран,
Go toTop