„Турскиот претседател на должност со голема сила, здравје и енергија“

April 27, 2023
1 min read

АНКАРА (АА) – Директорот на Одделот за комуникации при турското Претседателство, Фахретин Алтун, денес ги отфрли неоснованите тврдења за здравјето на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, нагласувајќи ја неговата силна здравствена состојба и целосната способност, јавува Анадолу.

„Тие [опозицијата] се обидуваат да добијат политичка предност преку неосновани извртувања дури и за здравствената состојба на нашиот претседател. Нашиот претседател е на должност со голема сила, здравје и енергичност“, рече Алтун на настан во Истанбул.

„Нацијата стои покрај својот лидер, кој работи со неисцрпни напори“, додаде тој.

Тврдењата за здравствената состојба дојдоа откако Ердоган во вторникот го прекина интервјуто во живо поради стомачни тегоби.

„Имаше интензивна работа околу предизборната кампања вчера и денес, и поради тоа имав стомачни тегоби“, објасни Ердоган во вторникот.

Центарот за борба против дезинформации при Дирекцијата за комуникации вчера, исто така, возврати на тврдењата на одредени профили на социјалните мрежи дека Ердоган „доживеал срцев удар и дека бил хоспитализиран“, нагласувајќи дека тие не ја одразуваат вистината.

По десетици настани во рамките на кампањата пред изборите во Туркије закажани на 14 мај, вчера Ердоган ја откажа својата агенда за да одмори.

„Бев со него [Ердоган] утрово… Тој е во добра здравствена состојба“, соопшти денес министерот за здравство Фахретин Коџа.

„Влијанието на гастроентеритисот е намалено. Тој ќе продолжи со своите активности што е можно поскоро“, додаде Коџа.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS).

Извор: www.aa.com.tr

MARKETING

MARKETING

Претходно

Научиле папагали да комуницираат. Преку видео-чет.

Следно

Путин: „Туркије ќе биде една од земјите која поседува нуклеарна енергија, еден од најевтините извори во светот“

Latest from Blog

Израел ќе испрати делегација во Катар на преговорите за прекин на огнот во Појасот Газа

Израелски медиуми објавија дека Израел ќе испрати делегација во Катар која ќе преговара за ослободување на заложниците и прекин на огнот во Појасот Газа. Но, не е прецизирано кога израелската делегација ќе

Клековски им порача на крушевчани дека со смената на локалната власт во градот ќе направат уште повеќе

Членот на Извршниот комитет на ВМРО ДПМНЕ Клековски денеска во посета на крушевските села и на самото Крушево со ветување дека кога ќе ја преземат локалната власт, ќе направат уште повеќе за

ВИДЕО: Хорор повреда, Донарума му ја скрши ногата на Мусиала, цел стадион во шок

Четвртфиналниот дуел на Светското клупско првенство помеѓу Пари Сен Жермен и Баерн беше обележан со ужасна сцена на крајот од првото полувреме, кога Џамал ​​Мусиала заработи сериозна повреда на ногата. Младиот германски

Внатрешната контрола на МВР расчисти случај во Прилеп со пајак возило

По денешната објава на социјалните мрежи за наводно непрофесионално постапување од страна на полициски службеници во Прилеп во врска со констатиран сообраќаен прекршок, Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди
Go toTop