Турскиот претседател ќе присуствува на Самитот на Д-8 во Египет

December 18, 2024
1 min read

 Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган утре ќе отпатува за Египет за да присуствува на 11. Самит на Осумте во развој (Д-8) Организацијата за економска соработка, изјави директорот за комуникации при турското Претседателство, Фахретин Алтун, јавува Анадолу..

Алтун на X истакна дека Ердоган ќе се обрати на самитот, кој ќе се одржи под темата „Инвестирање во младите и поддршка на малите и средни претпријатија: Обликување на идната економија“.

Ердоган се очекува да учествува и на специјалната сесија која ќе се фокусира на ситуацијата во Палестина и Либан, соопшти Алтун.

Тој додаде дека турскиот претседател ќе одржи и билатерални разговори со другите лидери кои присуствуваат на самитот за глобалните и регионални прашања, со фокус на Сирија и Палестина.

Земјите членки на Д-8 се Иран, Туркије, Пакистан, Бангладеш, Индонезија, Малезија, Египет и Нигерија. Организацијата е формирана во 1997 година преку Истанбулската декларација на Самитот на шефови на држави.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Малишиќ: Идеално е ниедна Влада да не се меша во бизнисот – „цените се покачуваат за да се покрие загубата“

Следно

Самит ЕУ-Западен Балкан: Максимално да го искористиме новиот моментум во проширувањето, затоа што иднината на регионот е во Унијата

Latest from Blog

Иран му порача на Трамп: Нема да влезете триумфално во Пекинг

 „Господине Трамп, немојте ни да помислите дека со искористување на моменталното затишје во Иран, ќе можете триумфално да влезете во Пекинг“, изјави Али Акбар Велајати, цитиран од полуофицијалната новинска агенција Тасним во

Министерот Мисајловски на отворањето на одбранбениот саем во Братислава

Министерот за одбрана Владо Мисајловски денеска на покана на својот словачки колега Роберт Калинак ќе присуствува на отворањето на меѓународниот саем за одбранбена и безбедносна технологија – IDEB, кој се одржува во
Go toTop