Турскиот претседател го критикува молкот на Западот пред израелската војна во Газа

September 25, 2024
1 min read

ЊУЈОРК (АА) – Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес го критикуваше Западот поради молкот пред израелската војна во Појасот Газа, во која се убиени повеќе од 41.400 Палестинци, главно жени и деца, од 7 октомври, известува Анадолу.

„За жал, многу западни земји молчат пред Израел и никогаш не зазеле став против Израел“, изјави Ердоган за американскиот NBC News.

„Меѓу сојузниците на НАТО, за жал, има многу земји кои се на страната на Израел. Во моментов ние сме во Соединетите Американски Држави, а САД се всушност една од нив“, истакна Ердоган,

Ердоган рече дека американскиот претседател Џо Бајден го критикува Израел од една страна, но на Израел му дава оружје, муниција и испрати носач на авиони во Средоземното Море како поддршка на Тел Авив.

Запрашан за претседателските избори во САД на кои потпретседателката Камала Харис и поранешниот американски претседател Доналд Трамп се борат за Белата куќа, Ердоган рече дека соработката меѓу Туркије и САД ќе продолжи без оглед на резултатот.

„Како лидери кои управуваат со државите, нациите и народите, не е можно да размислуваме поинаку. На глобално ниво, позициите на САД и Русија се јасни. Ќе продолжиме да одржуваме блиски односи со сите администрации“, рече Ердоган.

За односите меѓу Туркије и Русија и одлуката на Анкара да учествува на состанокот на БРИКС во октомври во Русија, Ердоган рече:

„Нашите односи со Русија се повеќедимензионални. Имаме политички, економски, културни и конекции во одбранбена индустрија“.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Лукаревска: Двојни аршини на ДПМНЕ за Законот за бранители, по секоја цена го штитат Гаши

Следно

Албанија на 15 октомври го отвора првото поглавје, Северна Македонија не била ни на дневен ред

Latest from Blog

„Пајакот“ е екстрадиран во САД- терористот со години беше под заштита на претседателот на Колумбија

Џовани Андрес Рохас се соочува со обвиненија за трговија со дрога и тероризам во Соединетите Држави. Со години, тој беше портпарол и еден од водачите на Командос де ла Фронтера, бунтовничка организација

Социјалните мрежи вријат: Се бараат оставки, се повикува на бојкот … (Фото)

Македонија загуби со 2-0 на гостувањето кај Словенија, што за нашата репрезентација е десетти меч без победа во серија. Дополнително, 607 минути немаме постигнато гол. Тоа беше доволна причина да „зовријат“ социјалните

ВИДЕО | УЖАС НА ТВ ЕКРАНИТЕ: Автомобил удри девојче додека ТВ екипа снимаше во живо во Полска

Телевизиска екипа го снимила моментот кога автомобил удрил 14-годишно девојче, кое се движело со електричен тротинет во северна Полска. На снимката се гледа црн автомобил кој свртува во споредна улица и го
Go toTop