Албанија на 15 октомври го отвора првото поглавје, Северна Македонија не била ни на дневен ред

September 26, 2024
1 min read

Амбасадорите на земјите членки на Европската Унија денеска во Брисел едногласно одлучија Албанија да ги продолжи преговорите за полноправно членство во ЕУ, објави вечерва Бугарското национално радио БНР, пренесе порталот 360 степени.

Грција го кренала ветото за Албанија по излегувањето на Фреди Белерис од затвор, а земјава останува заглавена поради неусвојување на уставните измени.

Следната меѓувладина конференција ЕУ-Албанија треба да се случи на 15 октомври во Луксембург, кога е предвидено да се отвори првото поглавје – Темелни вредности.

Тоа, констатира БНР, во пракса значи одвојуање на Албанија од Северна Македонија во процесот на пристапни преговори со Европската Унија. Двете држави во јули 2022 година ги одржаа првите меѓувладини конференции по што го почнаа процесот на скрининг.

Во меѓувреме, Албанија беше блокирана од Грција поради притворањето на Фреди Белерис, етнички Грк, за предизборен поткуп, кој потоа беше избран за градоначалник на Химара, а албанските власти не му дозволуваа да положи заклетва. Белерис беше осуден на две години затвор, а на почеток на септември беше ослободен откако одлежа две третини од казната. Тоа беше доволна причина за Грција да се согласи со продолжување на преговорите за членство на Албанија во ЕУ.

Како што јавуваат други бугарски медиуми, на состанокот на дневен ред воопшто не била ставена темата за продолжување на преговорите со Северна Македонија. Тоа е очекуван исход со оглед дека земјава не ги внесе Бугарите во Уставот што според договореното од јули 2022 г. е услов за одржување на втора меѓувладина конференција.

Грција нотирала оти ги решила споровите со Албанија и затоа паднала одлуката да се продолжат преговори со официјална Тирана.

Претставници на ЕУ многупати досега посочуваа дека Албанија и Северна Македонија се во ист пакет на нивниот европски пат, но тоа ќе смени на 15 октомври.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Турскиот претседател го критикува молкот на Западот пред израелската војна во Газа

Следно

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено

Latest from Blog

ДРАМА НА ГРАНИЦАТА МЕЃУ МАРОКО И ШПАНИЈА: Масовен упад на мигранти во Европа спречен со дронови и солзавец

Мароканските безбедносни сили во саботата спречија обид на стотици мигранти, претежно од Субсахарска Африка, нерегуларно да ја преминат границата кон шпанската енклава Сеута. За време на интервенцијата беа употребени солзавец, хеликоптери, беспилотни

Над 20 дипломатско-конзуларни претставништва се без амбасадор или генерален конзул

За 11 од нив веќе се избрани кандидати, кои ќе стапат на должност во различни временски периоди по завршувањето на законската постапка, велат од МНР за „Фокус“, посочувајќи дека станува збор за

Пикси на клупата на Ј.Кореја?! Има еден услов…

ФОТО: Fudbalski savez Srbije/FB Сензационално или не, сепак Драган Стојковиќ Пикси, има шанси да биде селектор на Ј.Кореја. Оваа информација ја потврди самиот Стојковиќ во интервју за јужнокорејскиот портал „KBS“, кој постави

ГЕРМАНИЈА ВО СЕПТЕМРИ НА ИЗБОРИ СЕ СООЧУВА САМА СО СЕБЕ, АфД води на анкетите

 Етаблираните партии, оние кои сега се власт плус Социјалдемократите кои ја загубија власта во Германија, досега не беа во можност да го спречат порастот на десничарската AfD (Алтернатива за Германија) во анкетите

14 години од смртта на Арбен Џафери – од демонстрациите во Тетово и животот во Приштина до еден од највлијателните политичари во Македонија

На 15 август 2012 година, на 64-годишна возраст, почина Арбен Џафери, долгогодишен политичар, интелектуалец и еден од најзначајните претставници на албанската политичка сцена во Македонија. Денес се навршуваат 14 години од неговата
Go toTop