Турскиот претседател Ердоган: За траен мир во Анадолија мора да бидеме силни на сите полиња

December 7, 2024
1 min read

ГАЗИАНТЕП (АА) – Претседателот на Република Туркије, Реџеп Таип Ердоган, денеска изјави дека властите на земјата стојат зад дадените ветувања и продолжуваат со големите проекти за изградба на објектите урнати во разорниот земјотрес што погоди 11 турски области на 6 февруари 2023 година, јавува Анадолу.

На собир во Газиантеп, Ердоган присуствуваше на примопредавањето на клучевите од 5.113 новоизградени станбени единици на семејствата кои останаа без покрив над главата во земјотресот, кој го опиша како „катастрофа на столетието“.

„Застанавме покрај нашата нација во катастрофата на столетието. Брзо ја започнавме изградбата на столетието. Минатата недела ги предадовме клучевите од нашите 155.000 куќи во Кахраманмараш“, рече Ердоган.

Турскиот претседател истакна дека Туркије мора да биде силна на сите полиња ако сака да живее во траен мир и просперитет во Анадолија, и дека тоа вклучува изградба на силни и отпорни градови.

„Оваа земја стана име на судбината, верувањето, борбата. Ова подрачје, каде секој ветер раскажува приказна, не е обична земја. Ова е татковината на оние кои го обликуваат светот. Ако сакаме да им оставиме просперитетна земја на нашите деца, мораме да ги држиме нозете цврсто на земја. Не можеме да дозволиме нашата прекрасна татковина да биде жртва“, порача Ердоган.

Тој рече дека до крајот на оваа година во сите 11 турски области погодени од земјотресот ќе бидат врачени клучевите од 201.688 новоизградени станбени и деловни единици, вклучително и 24.191 таков простор во Газиантеп.

„До крајот на 2025 година ќе испорачаме 31.317 станбени и деловни единици во Газиантеп и 452.983 такви единици низ зоните на земјотресот“, истакна Ердоган.

Турскиот претседател најави дека Туркије го продолжува патот на прогресот и растот, спроведувајќи мегапроекти како што е изградбата на брзата железничка пруга Газиантеп-Османије-Инџирлик-Адана-Мерсин.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

MARKETING

MARKETING

Претходно

Родриго и уште двајца играчи на Реал нема да настапат против Жирона

Следно

Речиси 400.000 Ирци останаа без струја поради бурата Дара

Latest from Blog

Донесена одлука за 30-дневна кризна состојба во Македонија

Донесена е одлука за 30-дневна кризна состојба на територија на Македонија поради зголемената појава на пожари. Портпаролката на Владата, Марија Митева на прес конференција истакна дека одлуката е донесена врз основа на

Тешко повреден пожарникар вчера во Бразда

Пожарникар на Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје се здоби со тешки телесни повреди откако вчера околу 10:10 часот паднал од четирицикл во шумскиот предел „Жејковац“, кај селото Бразда. Според полицијата, 48-годишниот

Предлог-извештајот на Вајц за Македонија пред пратениците во ЕП – шансите да остане македонскиот јазик се многу мали

Дел од европратениците нема да гласаат за бришење на македонскиот јазик и идентитет од извештајот на Европскиот Парламент, порача премиерот Мицкоски. На само неколку часа пред документот за напредокот на земјата, да

ПРВИ РЕЗУЛТАТИ ОД ИСТРАГАТА: Ова е најверојатната причина за сообраќајката во која загинаа Жота и Силва

Првите резултати од истрагата за сообраќајната несреќа во која напаѓачот на Ливерпул, Диого Жота, и неговиот брат Андре Силва ги загубија животите минатата недела во Шпанија укажуваат на „голема брзина“ со која

Сирија бара помош од ЕУ за справување со пожарите во Латакија

ДАМАСК (АА) – Дамаск побара поддршка од Европската Унија за помош во контролирањето на шумските пожари што беснеат во руралниот дел на Латакија во северозападна Сирија, изјави денес сирискиот министер за вонредни
Go toTop