Турскиот претседател Ердоган вети поддршка од Анкара за сириската транзиција и регионалната стабилност

December 20, 2024
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес ја потврди посветеноста на неговата земја да ѝ помогне на Сирија за време на нејзиниот процес на транзиција по падот на режимот на Башар Асад претходно овој месец, јавува Анадолу.

„Го поддржуваме сирискиот народ во непречено управување со процесот на транзиција, без никакви пречки на патот“, изјави Ердоган на новинарите при враќањето од Каиро, каде што присуствуваше на 11-тиот самит Д-8 вчера.

Тој, исто така, најави дека турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан наскоро ќе ја посети Сирија за да работи на новата структура што треба да се формира во земјата.

„Доколку Сирија воспостави навистина стабилна структура со оваа нова формација, според мене, таа ќе има многу силна позиција во исламскиот свет“, додаде тој.

Осврнувајќи се на итните прашања како што се недостигот на енергија и безбедносните предизвици во соседната земја, Ердоган вети дека брзо ќе ги реши енергетските проблеми на Сирија и ќе ги зајакне трговските односи и со Дамаск и со Ирак.

„Ќе ги интензивираме нашите трговски врски со Ирак и Сирија. Тоа ќе донесе нов импулс и за Сирија и за Туркије во секој поглед“, истакна тој.

Ердоган, исто така, се осврна на загриженоста за регионалната безбедност, повикувајќи на конзистентност во тоа како западните земји ги третираат терористичките организации.

„Како што ДЕАШ не може да одржува демонстрации на улиците и плоштадите во западните земји, така не треба ниту ПКК и нејзините ограноци“, рече тој.

Нагласувајќи го намаленото влијание на ПКК, Ердоган изјави дека терористичката организација и нејзините ограноци „дошле до крајот на својот животен век“.

Во врска со пошироките геополитички прашања, Ердоган ги повика западните земји, особено САД, да преземат акција против израелската окупација на сириските територии.

„Мора гласно да се прогласи за неприфатлива окупацијата на Израел на сириските територии“, рече тој.

Ердоган, исто така, посочи на злосторствата извршени во затворот Седнаја, лоциран во близина на Дамаск, под власта на Асад, како симбол на злоупотребите на режимот.

„Злосторствата, вонсудските убиства и неправдите таму се меѓу најболните слики на реалноста (за време) на режимот на Баас“, истакна Ердоган и вети:

„Туркије ќе направи сѐ за режимот на Асад, кој изврши злосторства врз сопствениот народ, да биде повикан на одговорност според меѓународното право“.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Европската Унија ќе распореди мисија за набљудување на изборите во Косово

Следно

Едно дете загина при нападот со нож во училиште во Загреб

Latest from Blog

Избран е најубавиот гол на Мундијалот (ВИДЕО)

Светската јавност немаше дилеми околу тоа кој е најубавиот гол на штотуку завршениот Мундијал во САД, Мексико и Канада, а сега истиот доби и официјализација. Стрелецот на најубавиот гол на турнирот и

Поранешниот претседател на Хондурас се врати дома- клекна на пистата и се помоли (ВИДЕО)

Ернандез, кој отслужи два последователни мандати како претседател на Хондурас од 2014 до 2022 година, слета со приватен авион на Меѓународниот аеродром Палмерола, околу 60 километри северозападно од главниот град Тегусигалпа, објави

Виолета Томовска осум часа била затрупана под урантините од скопскиот земјотрес, копала со раце за да се спаси

Виолета Томовска едвај останала жива за време на скопскиот земјотрес во 1963. Фолк дивата осум часа била затрупана во урнатините заедно со својот братучед, познатиот музичар диригент и композитор Љупчо Мирковски. Мирковски

Италија има голем список, еден куп имиња се опција по фијаското со Пирло

ФОТО: FC Juventus/FB По неуспешното назначување на Андреа Пирло за селектор на Италија, новото раководство на федерацијата има голем број опции за испразнетото место, тврди популарниот новинар Николо Скира, иако до сега

Поранешниот претседател на Јужна Кореја е осуден за лажење во изборната кампања

Доколку пресудата биде потврдена по жалба, може да ја принуди партијата на Јун да врати околу 27 милиони долари, или 39,7 милијарди јужнокорејски вони, што ги доби од Националната изборна комисија по
Go toTop