Турскиот претседател Ердоган со државна церемонија го пречека либанскиот премиер Микати

December 18, 2024
1 min read

АНКАРА (АА) – Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган со државна церемонија го пречека премиерот на Либан, Наџиб Микати, кој престојува во официјална посета на Туркије, јавува Анадолу.

По свечениот пречек, Ердоган и Микати отидоа на тет-а-тет и средба меѓу делегациите, по што е планирана и заедничка прес-конференција.

Ердоган ќе приреди и свечена вечера во чест на либанскиот премиер.

На церемонијата на прием присуствуваа и турскиот министер за животна средина, урбанизам и климатски промени, Мурат Курум, министерот за енергетика и природни ресурси, Алпарслан Бајрактар, министерот за култура и туризам, Мехмет Нури Ерсој, министерот за национална одбрана, Јашар Ѓулер, директорот на Националната разузнавачка организација (МИТ), Ибрахим Калин, директорот за комуникации при турското Претседателство, Фахретин Алтун, главниот советник на претседателот за надворешна политика и безбедност, Акиф Чагатај Килич, како и гувернерот на Анкара, Васип Шахин.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Потврдена казната на поранешниот француски претседател Саркози за корупција

Следно

Продолжуваат обвинувањата на сметка на менаџментот во „Козле“, директорката демантира

Latest from Blog

Осум од десет жени со рак во Македонија почнуваат лекување предоцна

Осум од десет жени во земјава го почнуваат лекувањето од рак во подоцнежна фаза на болеста, покажува ревизорскиот извештај за програмите за рана детекција и скрининг на малигни заболувања. „Наместо навремено откривање,

Челзи победнички против Тотенхем

ФОТО:.facebook.com/ChelseaFC/ Челзи го победи Тотенхем со резултат од 2:1 на „Стемфорд Бриџ“ во 37-то коло од Премиер лигата. Челзи требаше да победи за да остане во трката за Лигата на Европа. Тие

Џ.Д. Венс: Постигнавме напредок во преговорите со Иран, никој не сака војна

„Мислиме дека постигнавме голем напредок. Мислиме дека Иранците сакаат да постигнат договор“, изјави Венс пред новинарите на брифингот во Белата куќа. Венс рече дека штотуку разговарал со претседателот Доналд Трамп, кој повторил

Савески на Регионалниот форум за јавни обвинители во Сараево организиран од Европравда

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Ненад Савески денеска во Сараево учествуваше на Третиот консултативен форум на државни и специјални обвинители од Западен Балкан што се одржува во организација на Европравда. На
Go toTop