Турскиот претседател Ердоган отпатува во посета на Ирак

April 22, 2024
1 min read

АНКАРА (АА) – Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган отпатува за главниот град на Ирак, Багдад, на средби со ирачките претставници, јавува Анадолу.

Ердоган беше придружуван од турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан, министерот за внатрешни работи Али Јерликаја, министерот за национална одбрана Јашар Ѓулер, директорот за комуникации на турското Претседателство, Фахретин Алтун, неговиот главен советник Акиф Чагатај Килич и други министри.

Ердоган за време на состаноците со ирачкиот колега Абдул Латиф Рашид и ирачкиот премиер Мухамед Шија ал Судани се очекува да разговара за билатерални и регионални прашања.

Турскиот претседател по разговорите во Багдад ќе го посети и Ербил во Северен Ирак.

„За време на посетата на претседателот Ердоган на Ербил, особено на состаноците со претставниците на регионалната Влада, уверен сум дека ќе ја споделат својата визија за зајакнување на нашите односи и… осигурување на внатрешната стабилност и мир во Ирак“, рече Фидан на вчерашната прес-конференција.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Последна сесија на Европарламентот пред европските избори

Следно

Работниците протестираат за плати, политичарите во кампања за гласови

Latest from Blog

Зеленски: ЈА ВРАЌАМЕ ВОЈНАТА ВО РУСИЈА

Во своето вечерно обраќање, украинскиот претседател Володимир Зеленски ги осуди руските напади врз Запорожје и Днепар, нарекувајќи ги „многу цинични“. Тој изјави дека руските сили во Запорожје со беспилотни летала нападнале цивилни

ПОДЕМ: Усвојувањето на Законот за игрите на среќа и забавните игри е важна реформа во интерес на граѓаните

Партијата на обединети демократи на Македонија (ПОДЕМ) го поздравува донесувањето на новиот Закон за игрите на среќа и забавните игри, со кој по повеќе од една деценија конечно се воспоставува современа и

Цените на нафтата растат, вознемиреноста во Ормускиот теснец се интензивира

Цените на нафтата се зголемија на меѓународните пазари на околу 73 долари, сигнализирајќи зголемена вознемиреност кај инвеститорите откако новиот бран ракети во Ормускиот теснец ги истакна ризиците за спроведување на американско-иранскиот договор
Go toTop