Турскиот претседател Ердоган го повика исламскиот свет да се обедини против израелскиот геноцид во Газа

November 4, 2024
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес ја истакна критичната потреба исламскиот свет да ги остави настрана разликите и да се обедини за поддршка на палестинскиот и либанскиот народ во нивната праведна борба против израелската агресија, јавува Анадолу.

Говорејќи на отворањето на 40-тата сесија на Постојаниот комитет за економска и трговска соработка на Организацијата за исламска соработка (COMCEC) во Истанбул, Ердоган рече дека во Газа се случува еден од најбруталните геноциди на векот.

„За исламскиот свет е од големо значење да ги остави настрана разликите и да ги поддржи палестинскиот и либанскиот народ“, додаде тој.

„’Ционистичкиот режим’ и неговите поддржувачи вршат секакви угнетувања и геноцид цели 13 месеци, но не успеаја да ги покорат Палестинците“, рече турскиот претседател.

„Туркије испорача над 85.000 тони хуманитарна помош во Газа, со поддршка на египетските власти“, истакна Ердоган.

Тој додаде дека еден од најдобрите одговори на ционистичката агресија врз Газа и Либан е признавањето на палестинската држава од што е можно повеќе земји.

Израел продолжи со својата разорна офанзива врз Газа по нападот на Хамас минатата година, и покрај резолуцијата на Советот за безбедност на ОН со која се бара итен прекин на огнот.

Според локалните здравствени власти, оттогаш во израелските напади врз енклавата убиени се над 43.300 Палестинци, главно жени и деца, а над 102.000 се повредени.

Израел, исто така, се соочува со случај за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата за неговата смртоносна војна во Газа.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Захариевски повеќе не е тренер на Вардар

Следно

Трет ден на жалост за трагедијата во Нови Сад

Latest from Blog

ТРГНАЛ ЗА МАКЕДОНИЈА, ЗАГЛАВИЛ ВО ИСТАНБУЛ: Еве уште еден пример зошто не треба да му се верува на CHAT-GPT

Семејство во Русија заглавило во Истанбул, Турција, и не можело да го продолжи планираното патувањето за Македонија, верувајќи на погрешен совет од Чат Џи-ти-пи (ChatGPT) дека за влез во Македонија на руските

Хаос на „Богородица“: За влез во Македонија се чека и до четири часа, километарски колони на границата

Долги колони од вчера попладне има на границата меѓу Грција и Македонија на граничниот премин „Богородица“. Граѓани на социјалните мрежи коментираат дека чекањето трае и до четири часа. Колоните од автомобили, автобуси,

Николоски: Продолжува интензивната изградба на автопатот Прилеп – Битола

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, соопшти дека интензивно продолжуваат градежните работи на автопатот Прилеп – Битола, оценувајќи го проектот како еден од најзначајните инфраструктурни зафати во земјава. Според Николоски, изградбата
Go toTop