Турскиот министер за надворешни работи ги продолжува дипломатските контакти во Ирак

January 26, 2025
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Турскиот министер за надворешни работи, Хакан Фидан, денес во главниот град на Ирак беше примен од ирачкиот претседател Абдул Латиф Рашид и премиерот Мухамед Шија ал-Судани, јавува Анадолу.

По средбите со ирачкиот министер за надворешни работи Фуад Хусеин во Багдад, Фидан се сретна со претседателот, премиерот и Махмуд ал-Машхадани, претседателот на Претставничкиот совет на Ирак, како дел од неговите контакти на високо ниво во земјата, истакнаа дипломатски извори.

Сè уште не се објавени детали од состаноците зад затворени врати, кои се одржаа во услови на големи регионални случувања, меѓу кои и два одделни договори за прекин на огнот, оној на Израел и либанската група Хезболах и со палестинската група на отпорот Хамас, како и активностите на новата сириска администрација која ја презеде власта во земјата по падот на режимот на Башар ал-Асад.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ожие ја освои рекордната десетта победа на рели Монте Карло

Следно

Додека пациентите чекаат терапија на онкологија СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ во контра обвинување – кој и зошто ги остави болните од рак без неопходните лекови

Latest from Blog

Аврамовски: „Судењето за Кочани станува неефикасно поради законските измени“

Извршниот директор на Коалицијата „Сите за правично судење“, Дарко Аврамовски, во интервју за РСЕ, оценува дека случајот со трагедијата во Кочани е „колатерална штета“ од измените на Кривичниот законик. Тој посочува дека

Маглешов: Две теории за ист случај од едно Обвинителство, време е за навремена ревизија

Единственото Јавно обвинителство во државата, како самостоен орган, излегува со две потполно различни правни теории за одговорноста во истиот случај. Ова го истакнува новинарот на Призма (БИРН), Васко Маглешов, предупредувајќи на сериозни

Трамп со ултиматум до Техеран: Отворање на Ормускиот теснец во рок од 48 часа или „уништување“ на електраните

 Само ден откако америкаснкот претседател Трамп најави намалување на воените операции, тој сега му постави ултиматум на Иран.  Заканувајки се дека ќе ги уништи неговите електрани, доколку во рок од 48 часа
Go toTop