ТУРСКИОТ „ЈУРТА“ СО ЗЛАТНО СОНЦЕ, ИЗРАЕЛСКИОТ „ГРАДОТ“ СО ЗЛАТНА ЅВЕЗДА ЗА НАЈДОБАР ФИЛМ НА СИНЕДЕЈС

July 18, 2024
1 min read

Турскиот филм „Јурта“ и израелскиот „Градот“ се прогласени за најдобри филмови на Фестивалот на европски филм Синедејс, чие 23. издание заврши синоќа во паркот зад Младинскиот културен центар (МКЦ).

Жирито во состав Горјан Атанасов, филмски и тв-монтажер, Ивица Димитријевиќ, актер и режисер, Мина Ѓукиќ, режисерка, Рохан Бери Крикмар, филмски продуцент и фестивалски селектор и Гентиан Кочи, филмски режисер, ја доделија наградата Златна ѕвезда за најдобар филм на израелскиот „Градот“, во режија на Амит Улман. Филмот е првиот хебрејски рап-мјузикл инспириран од црнечка музика, филм ноар и детективски филмови.

„Филмот е награден поради разиграната кооптација на ноар стил и класични мјузикли, за кое суптилно ја раскажува приказната за израелски индустриски град каков што ретко гледаме на филм”, соопшти жирито.

Наградата Сребрена  ѕвезда за најдобра режија ја доби младиот израелски режисер Ноа Дебре за неговиот филм „Последните Евреи”. Наградата Сина ѕвезда или наградата за најдобро сценарио, ја доби „Ширкоа: Утопија на лагите“.

Жирито во состав Марија Димитрова, продуцентка, Андреас Јонсен, режисер и Бојана Андриќ, кинематограферка одлучија во селекцијата ЈИЕ (Југоисточна Европа), да ја доделат наградата Златно сонце или награда за најдобар филм за турскиот „Јурта“ на Нехир Туна.  Во оваа селекција, жирито одлучи да додели и специјално признание на филмот „78 дена” во режија на Емилија Гашиќ, кое е посветено на животот многу млади невини генерации кое беше ненадејно прекинато во текот на 78 дневното бомбардирање на Србија.

„Ќе успееме, мора да го одржиме фестивалот и да ја водиме оваа наша борба за содржајни културни настани и случувања во нашево неверојатно пасивно, резигнирано и длабоко разочарано милје. Таму каде што сите гледаат очај, ние гледаме шанса за напад. Ќе дадеме гол, ќе одиме повторно на европско првенство, во културолошка смисла. И ова не е изјава на верба или надеж, туку длабока и вистинска определба” , вели Маргарита Арсова, долгогодишна раководителка на фестивалот.

Синедејс траеше 7 дена под слоганот „Викај ура“, а се прикажаа повеќе од 50 филмови.

ИЗВОР: sdk.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Рударење по Месечината: 20 милиони долари за кило

Следно

Реал Мадрид го продолжи договорот со Лукас Васкез

Latest from Blog

ФОТО: Невеш со емотивна објава се прости од Жота – „Животот нè спои и сега ништо не може да нè раздели“

Фудбалскиот свет сè уште е во шок по трагичната смрт на ѕвездата на Ливерпул и португалски репрезентативец, Диого Жота заедно со својот брат Андре го загуби животот во сообраќајна несреќа во четвртокот

АТС АММО: Пожарот во близина на Самоков целосно локализиран и изгаснат, без опасност по фабриката

Компанијата АТС АММО од Самоков, Македонски Брод, излезе со соопштение по повод денешниот пожар што избувна во близина на нивната фабрика. Од таму информираат дека пожарот бил целосно локализиран и веднаш потоа

Високи температури утре низ државата; портокалово предупредување од УХМР

Утре (недела, 6 јули 2025) се очекува стабилно, претежно ведро време со изразен пораст на температурата и активен портокалов аларм за екстремна горештина на целата територија на Македонија. Општинските служби советуваат ограничување

Израел ќе испрати делегација во Катар на преговорите за прекин на огнот во Појасот Газа

Израелски медиуми објавија дека Израел ќе испрати делегација во Катар која ќе преговара за ослободување на заложниците и прекин на огнот во Појасот Газа. Но, не е прецизирано кога израелската делегација ќе
Go toTop