Турскиот беспилотен борбен авион „Кизилелма“ успешно заврши уште еден аеродинамичен тест

March 18, 2025
1 min read

ТУРКИЈЕ (АА) – Првиот турски борбен авион без екипаж, Бајрактар ​​КИЗИЛЕЛМА, кој е развиен од турската компанија „Бајкар“, во саботата успешно заврши уште едно тестирање за идентификација на аеродинамичниот систем како дел од распоредот за тестирање, јавува Анадолу.

„Бајкар“, најголемата светска компанија за беспилотни летала, потпиша договори за извоз со 34 земји за беспилотните летала Бајрактар ТБ2 и со 11 земји за Бајрактар АКИНЏИ ТИХА.

Бајрактар Кизилелма, кој ќе се приближи до брзината на звукот со својот моќен нов мотор, многу подобро маневрира при големи брзини благодарение на аеродинамичните подобрувања.

Авионот ќе може да ги извршува најпредизвикувачките мисии благодарение на интегрираниот радар АЕСА (AESA).​​​​​​​

Проектот Бајрактар КИЗИЛЕЛМА започна во 2021 година, а од производствената лента излезе на 14 ноември 2022 година, по што беше префрлен во центарот за обука и тестирање АКИНЏИ.

По успешно завршените тестови на земја, го направи својот прв лет на 14 декември 2022 година. Бајрактар ​​КИЗИЛЕЛМА полета за само една година.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Норис: Една победа не значи ништо

Следно

Тошковски: Досега се приведени 18, а задржани 16 лица- притвор за 14

Latest from Blog

Аксиос: Турција, Египет и Пакистан посредуваат меѓу САД и Иран за смирување на конфликтот

Високи претставници на трите земји одржаа одделни разговори со претставникот на Белата куќа, Стив Виткоф, и шефот на иранската дипломатија, Абас Арагчи, наведе извор пренесен од американскиот портал. „Медијацијата е во тек

Повторно ќе сведочи ,,клучниот” сведок за грабнувањето на внукот на Љубе Бошкоски, Самоил

Поминаа три години од денот кога му се изгуби секаква трага на Самоил Костадиновски, кој е внук од брат на сопругата на поранешниот министер за внатрешни работи Љубе Бошкоски. Тој бил киднапиран,
Go toTop