Турски МИТ ја сподели снимката од неутрализирањето на терористката на ПКК, Рожда Билен

March 20, 2024
1 min read

АНКАРА (АА) – Турската разузнавачка служба (МИТ) сподели снимка од моментите на акцијата во Ирак во која е неутрализирана Рожда Билен, една од таканаречените водачи на терористичката организација ПКК/КЏК, јавува Анадолу.

На снимките добиени од безбедносни извори може да се види белиот пикап во кој се наоѓала Билен, со кодно име Бисенг Бруск, во околината на ирачкиот град Сулејманије.

Возилото е погодено во напад на вооружено беспилотно летало, а терористката Билен е неутрализирана.

Билен, која ѝ се приклучила на организацијата во 2011 година, пред Кривичниот суд во Ескишехир беше обвинета за кривично дело „членство во вооружена терористичка организација“ и се наоѓаше на „сината“ листа на терористи со потерница од турското Министерство за внатрешни работи.

ПКК е сепаратистичка организација што е ставена на листата на терористички организации од страна на Туркије, Европската Унија и Соединетите Американски Држави. За време на повеќедецениската терористичка кампања против Туркије, терористите на ПКК се одговорни за смртта на најмалку 40.000 луѓе.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Блинкен во нова посета на Блискиот Исток

Следно

Македонските компании изгубени во „навигацијата“ на НАТО пазарот

Latest from Blog

Коњановски: Битола е дел од европскиот културен дијалог преку изложбата „Инспирации“

Тони Коњановски заедно со претседателот на Советот на Општина Битола, Бојан Бојкоски присуствуваше на свеченото отворање на изложбата „Инспирации“, која преку внимателно избрани фотографии ги претставува трите европски градови носители на титулата

Ердоган: Очекуваме единството на алијансата да биде нагласено на самитот на НАТО

Тој повика на укинување на ограничувањата за трговија со оружје и воена опрема и на Анкара да ѝ биде дозволено да учествува во иницијативи за зајакнување на европската безбедност, објави Ројтерс. Анкара

Проданоски им оддаде признание на учениците за филмот „Девојките на Марко“

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, оствари средба со членовите на драмската секција „Слободно театарче“ при СОУ „Ѓорче Петров“, при што им оддаде признание за нивната посветеност и успехот со реализацијата на долгометражниот
Go toTop