Турска одбранбена компанија отвори нова фабрика за цивилни беспилотни летала

February 26, 2025
1 min read

АНКАРА (АА) – Туркије доби нов капацитет за производство на цивилни беспилотни летала, јавува Анадолу.

Турската одбранбена компанија баибарс (baibars) ја отвори својата нова фабрика во јужниот турски град Мерсин за производство на цивилни беспилотни летала, со цел зајакнување на своите домашни и меѓународни капацитети.

Основана во 2015 година, баибарс стана една од водечките компании во интеграцијата, развојот и производството на ротирачки крила за беспилотни летала за да ги задоволи потребите на земјоделците.

Компанијата од основањето има реализирано извоз во девет земји и има добиено највисоки директни странски инвестиции во својот сектор од Јапонија, придонесувајќи за односите меѓу Туркије и Јапонија.

Оперативните часови на лет на производителот на беспилотни летала надминуваат 70.000, станувајќи една од истакнатите компании во своето поле, со своите земјоделски, пожарникарски и снабдувачки/карго летала.

Компанијата постигна месечен капацитет за производство на 100 беспилотни летала со новата производствена фабрика што е основана со цел да одговори на зголемената побарувачка и потенцијалот на компанијата.

Производствената фабрика ќе произведува енергија и погонски системи паралелно со земјоделски, како и беспилотни летала за пожарникарски интервенции и снабдување/карго.

Чаглајан Ергуван, извршен директор на баибарс, за Анадолу изјави дека извозно ориентираниот одржлив раст е во центарот на работењето на компанијата, истакнувајќи дека турските беспилотни летала имаат стекнато глобална репутација и дека одржувањето на оваа популарност е главен приоритет на компанијата.

„Ние сме млад и решителен тим со искуство во ротирачки крила за беспилотните летала“, рече тој, истакнувајќи дека 60 отсто од компонентите што ги сочинуваат автономните летала на баибарс се произведени во Туркије.

„На овој начин ја зајакнуваме конкурентноста на нашите земјоделци со намалување на нивните влезни трошоци и спречување на загубите на земјоделските култури“, рече тој, додавајќи дека „Џесур“, беспилотното летало за одговор при пожари, ги поддржува пожарникарите и во Туркије и во Европа.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Дончиќ за мечот против неговиот поранешен тим Далас: Имаше многу емоции, мило ми е што победивме

Следно

Петковски во Аргумент плус: Иако имаме наметната перцепција дека САД е нашиот стратешки партнер сепак треба да видиме како ќе се рефлектира тоа

Latest from Blog

Проданоски: Буџетот за 2027 година го креираме со предлозите на прилепчани

Општина Прилеп ги заврши средбите со сите урбани заедници во градот во рамките на консултациите за подготовка на Буџетот за 2027 година. Градоначалникот Дејан Проданоски најави дека процесот продолжува со средби со

Николоски: Од 1 јануари само Државната лотарија ќе може да организира онлајн игри на среќа

Владата го измени Законот за игри на среќа, со кој јасно се ограничува организирањето на игри на среќа. Само Државната Лотарија ќе може да организира игри на среќа, дополнително се воведе ограничување

Божиновска: По три децении зависност од еден гасен правец, Македонија работи на нови врски со соседите

Македонија три децении зависела од само еден правец за снабдување со природен гас, а новите поврзувања со соседите треба да ја намалат таа зависност, порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини,

Битола не ги заборава своите херои: Одбележана 82-годишнината од формирањето на Првата егејска македонска ударна бригада

Во Битола свечено беше одбележана 82-годишнината од формирањето на Првата егејска македонска ударна бригада, со положување свежо цвеќе, оддавање почит и пригодна културно-уметничка програма. Одбележувањето се одржа пред спомен-плочата кај Територијалната противпожарна

Божиновска: Гасните врски со Грција и Србија се приоритет за посигурно снабдување

Гасните интерконектори со Грција и Србија, Вертикалниот гасен коридор и повторното ставање во функција на продуктоводот Солун–Скопје се меѓу проектите со кои Македонија работи на посигурно снабдување со енергија. Ова го истакна
Go toTop