Туркије: Во антитерористички операции приведени 17 осомничени поврзани со нападот во црквата во Истанбул

February 3, 2024
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Во антитерористичка операција во Туркије денес уапсени се седумнаесет осомничени припадници на терористичката организација ДЕАШ поврзани со пукањето во католичката црква во Истанбул, соопштија турски безбедносни извори, јавува Анадолу.

Разузнавачките и полициските сили ги идентификуваа сторителите и осомничените за кои се верува дека се поврзани со нападот на црквата Санта Марија, во кој загина едно лице, изјавија извори кои сакаа да останат анонимни.

Истовремените операции фокусирани во Истанбул, беа спроведени од безбедносните сили за спречување на активностите на осомничените и потенцијални терористички напади во земјата, додадоа изворите.

Во операциите запленети се и голем број документи на организацијата.

Двајца вооружени напаѓачи минатата недела отворија оган врз верниците во католичката црква во подрачјето на Сариер во Истанбул, при што животот го загуби 52-годишниот Тунџер Џихан.

За нападот одговорноста ја презеде терористичката организација ДЕАШ.

Операциите на турската Национална разузнавачка служба (МИТ) спречија неколку други напади планирани од терористичката организација против синагоги, цркви и ирачката амбасада во декември 2023 година. Тие, исто така, доведоа до апсење на осомничени припадници на терористичката организација и запленување нејзин дигитален материјал.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Одмазда на САД: Воздушни напади во Сирија и во Ирак

Следно

Три лица избодени со нож на железничка станица во Париз

Latest from Blog

Денес е Преподобен Патапиј

Роден е е и воспитан во верата и во страв Божји во Тива Мисирска од благоверни родители. Рано ја увиде и ја презре суетата на овој свет и се оддалечи во Мисирската

Нештетно уништени 22,3 тони киви за преработка

Поради променети органолептички својства и утврдено присуство на ларви и инсекти, инспектор за храна на Агенцијата за храна и ветеринарство, неделава забрани увоз на киви наменети за индустриска преработка, соопшти Агенција за

Фото: Најбараната манекенка има ново момче? Тој е 18 години постар од неа

Познатата манекенка од кланот Кардашијан – Џенер, атрактивната Кендал е една од омилените членови на семејството Кардашијан Џенер, веројатно поради нејзиниот пристап кон животот и работата. 30- годишната Кенедел, за разлика од

Видео: Принцезата Леонор од Шпанија го направи првиот независен воен лет

Принцезата Леонор од Шпанија го направи својот прв самостоен лет како дел од воената обука на Општата авијациска и вселенска академија (AGA) во Сан Хавиер, каде што веќе четири месеци е на теоретска и практична обука

Арсенал со минималец се врати на врвот

фото: Arsenal (X) Арсенал оствари нова победа во Премиер Лигата со 0:1 против екипата на Евертон во вечерашниот натпревар кој се одигра на „Гудисон Парк“. Со оваа победа „топџиите“ повторно го завзедоа
Go toTop