Туркије: Уште една жена спасена од урнатините 204 часа по земјотресот

February 14, 2023
1 min read

ХАТАЈ (АА) – Женско лице со странско потекло, Муна Дабул, е спасена од урнатините на зграда во градот Антакија, Хатај, 204 часа по земјотресот што минатиот понеделник ја погоди јужна Туркије, јавува Анадолу.

Бројни спасувачки екипи продолжуваат со операциите за пребарување и спасување во градот Антакија во турската област Хатај, погодена од земјотресот што го нарекуваат „катастрофа на векот“.

Спасувачите денеска, по огромни напори, од урнатините во централниот дел на Антакија успеаја да спасат женско лице со странско потекло, Муна Дабул, која веднаш е префрлена во болница.

Два разорни земјотреси со јачина од 7,7 и 7,6 степени според Рихтер на 6 февруари ги погодија јужните делови на Туркије со епицентар во Кахраманмараш, а бројни спасувачки тимови сè уште ревносно работат на пребарување и спасување на луѓето затрупани во урнатините на зградите.

Во земјотресите на југот на Туркије досега загинаа 31.974 лица, соопшти Управата за катастрофи и вонредни состојби (АФАД).

Од АФАД се наведува дека по двата разорни земјотреси, регистрирани се уште 3.170 помали земјотреси.

На терен делуваат 35.249 припадници и членови на различни институции од Туркије и меѓународни спасувачки екипи. На терен се 9.456 луѓе од други земји.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS).

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Како фудбалерот го поминува времето со своите синови? Обожавателите на Шакира го КРИТИКУВАА ПИКЕ заради овој потег!

Следно

Европскиот парламент ја усвои забраната за продажба на автомобили на бензин и дизел од 2035 година

Latest from Blog

Ѓорѓиевски претстави проект за младите: мобилност, култура и заштеда со „SKOPJE CITY GO“

Градоначалникот на Кисела Вода и кандидат за градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска го презентира новиот проект „SKOPJE CITY GO“, наменет за младите и сите граѓани на Скопје. „SKOPJE CITY GO“ е

ВРЕДИ: ДУИ пред избори зборува за чист воздух, додека 20 години го труеше народот

Коалицијата Вреди остро ја обвини ДУИ дека две децении наназад го разнебитувала системот и ги оставила граѓаните да живеат во корупција и загадување. „ДУИ, која две децении по ред ги труеше граѓаните
Go toTop