Побаран краткотраен притвор за 4 лица во врска со пожарот во Трубарево

September 14, 2025
1 min read

Поради основано сомнение дека со заеднички дејствија учествувале во извршување на кривично дело – Загрозување на животната средина и природата со отпад од член 230 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик, Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 4 лица за кои од судија на претходна постапка вечерва ќе побара определување мерка краткотраен 48-часовен притвор за обезбедување докази, соопшти ЈО.

Нивните конкретни дејствија се испитуваат, но станува збор за 56-годишен управител и сопственик на 2 правни лица, 22-годишна управителка на трето правно лице, 42-годишник во својство раководител на подружница и еден 59-годишник вработен во правно лице. Се испитува потенцијална одговорност и на други лица, додаде ЈО.

Во текот на денот, јавниот обвинител издаде повеќе наредби за обезбедување докази по кои се уште постапуваат надлежните органи, а се очекуваат и резултатите од извршените мерења на загадувањето од Министерството за животна средина.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Парастос во чест на загинатите Македонци, организиран од ОМО Илинден – ПИРИН

Следно

Сасуоло со прва победа сезонава, падна Лацио

Latest from Blog

Божиновска: Градиме поголема енергетска сигурност преку регионално поврзување

На вториот регионален состанок во Белград, министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска со колегите од Србија, Грција и Бугарија разговараше за конкретни чекори за зајакнување на енергетската сигурност во

ВЛЕН: Изборот на Јустина Широка-Пула носи нов почеток за Косово

Косово покажа дека демократијата, политичкиот дијалог и почитувањето на институциите се патот за надминување и на најсложените политички ситуации, порача ВЛЕН. Од партијата го поздравуваат изборот на Јустина Широка-Пула за нова претседателка
Go toTop