ВРЕДИ: ДУИ пред избори зборува за чист воздух, додека 20 години го труеше народот

September 14, 2025
1 min read

Коалицијата Вреди остро ја обвини ДУИ дека две децении наназад го разнебитувала системот и ги оставила граѓаните да живеат во корупција и загадување.

„ДУИ, која две децении по ред ги труеше граѓаните со корупција, денеска најде храброст да зборува за воздухот во Скопје. Дволичноста нема граници. Каде бевте кога Скопје секоја година беше меѓу најзагадените градови во светот? Каде бевте кога граѓаните протестираа за чист воздух и против дивите депонии, додека вие правевте математики околу тендерите?“, порачаа од Вреди.

Од коалицијата додаваат дека токму во времето на ДУИ се создавале депониите околу Скопје, во Тетово, Кичево и Струга, додека, како што велат, нивните функционери се збогатувале со трговски центри, нафтен бизнис и соларни централи.

 

Министерството за животна средина и просторно планирање, предводено од првиот вицепремиер Изет Меџити, веднаш реагираше на обвинувањата.

„Ситуацијата е под контрола и граѓаните се информираат навремено. Палењето на депониите било во ‘Дрисла’, во Шуто Оризари или во Трубарево, во пресрет на изборите, ја отвора темата за обиди за дестабилизација на кои и претходно укажувавме. Граѓаните добро знаат кој е одговорен и на 19 октомври ќе го дадат заслужениот одговор“, стои во реакцијата од Министерството.

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ѓорѓиевски: Институциите итно да ги санкционираат предизвикувачите на пожарот

Следно

Аталанта сигурна против Лече, Удинезе со гостински триумф

Latest from Blog

Дел од Тетово и тетовско утре без струја поради замена на дрвен столб со бетонски столб

Дел од Тетово и тетовскиот регион утре, 14 август, ќе останат без електрична енергија поради планирани интервенции на електродистрибутивната мрежа. Според најавата, во периодот од 08:00 до 14:00 часот без струја ќе

Шпанскиот Суперкуп ќе се игра во Истанбул

Шпанската фудбалска федерација објави денеска дека донесена е одлука, мини турнирот од Суперкупот на Шпанија, годинава да се одигра ни помалку ни повеќе туку во Истанбул. На стадионот „Ататурк“. На него ќе

Битка за критични минерали: САД инвестираат милијарди за намалување на зависноста од Кина

Американскиот претседател Доналд Трамп и најави три милијарди долари нови инвестиции во рударството, со цел САД да ја намалат зависноста од Кина за критични минерали. Од целиот пакет, една милијарда долари ќе
Go toTop