Туркије се искачи на 4. место во Европа според проектите на странски инвестиции

2 mins read

АНКАРА (АА)

– СЕДА ТОЛМАЧ

Шефот на Претседателската канцеларија за инвестиции, Бурак Даглиоглу, истакна дека Туркије се искачи на 4. место во Европа според бројот на Меѓународните инвестициски проекти што ги привлече минатата година и додаде: „Туркије стана истакната дестинација за инвеститорите со својата стратешка локација и силно инвестициско опкружување. Меѓународните директни инвестиции (МДИ) од 10,6 милијарди долари што ги привлековме во 2023 година се најконкретен показател за овој успех“, пишува Анадолу.

Даглиоглу разговраше со дописникот на АА за прелиминарните резултати од извештајот за земјите кои привлекуваат најмногу Меѓународни директни инвестиции во Европа, што ќе го објави ревизорската и консултантската куќа „EY“ (Ernst & Young) за 2023 година.

Даглиоглу рече дека има намалување на проектите за МДИ во споредба со претходната година за прв пат по епидемијата на Ковид-19 во Европа и истакна дека зад ова намалување стојат нискиот економски раст, високата инфлација, зголемувањето на цените на енергијата и геополитичките ризици. Тој рече дека вкупно 5.694 инвестициски проекти најавиле странските инвеститори ширум Европа во 2023 година, што е намалување од 4% во однос на претходната година.

Напоменувајќи дека инвестициската активност ширум Европа е намалена за 11 % во однос на 2019 година, пред избувнувањето на пандемијата COVID-19, и 14 % помала отколку во 2017, која беше рекордна година, Даглиоглу рече: „Додека меѓународните проекти за директни инвестиции во услужните сектори значително се намалија, намалувањето на производствениот сектор остана на 1 %“.

Даглиоглу наведе дека иако бројот на инвестициски проекти во Франција се намалил за 5 % во однос на претходната година и изнесува 1.194, Франција ја задржала водечката позиција на европската ранг-листа. Со 985 проекти Велика Британија е на второто место во Европа, со зголемување од 6 % во однос на претходната година.

Тој рече дека странските инвеститори значително ги намалиле своите активности во Германија минатата година. Објавени биле 733 инвестициски проекти од странски компании во Германија во 2023 година, што претставува намалување од 12 % во однос на претходната година, при што странските инвестиции се на најниско ниво уште од 2013 година и го продолжуваат трендот на опаѓање шеста година по ред.

– „Туркије беше рангирана на 5-то место една година претходно“

Наведувајќи дека Туркије го продолжи својот постојан раст меѓу земјите кои привлекоа најмногу меѓународни директни инвестиции во Европа во периодот по епидемијата, Даглиоглу продолжи со зборовите:

„Туркије беше рангирана на 7-мото место во Европа во 2020 година и на 5-тото место во 2022 година. Туркије се искачи на 4. место со 375 меѓународни проекти за директни инвестиции во 2023 година. Забележувајќи раст од 17 % во споредба со претходната година, Туркије се најде на првото место меѓу првите 10 најдобри земји во 2023 година според стапката на зголемување на континентот, овозможувајќи и на Туркије да привлече повеќе производствени проекти.

– „Работиме да им понудиме на меѓународните инвеститори инвестициско искуство на високо ниво“

Зборувајќи дека работат на тоа да се нагласи дека Туркије е атрактивна инвестициска дестинација на глобално ниво и им нуди инвестициско искуство на високо ниво на меѓународните инвеститори кои доаѓаат во земјата, Даглиоглу го истакна следното:

„Туркије стана истакната дестинација за инвеститорите со својата стратешка локација и силно инвестициско опкружување. Меѓународните директни инвестиции од 10,6 милијарди долари што ги привлече во 2023 година се најконкретен показател за овој успех. И покрај забавувањето на инвестициските трендови низ Европа, Туркије стана атрактивен центар за меѓународните инвеститори со зајакнување на својата инфраструктура и диверзификација на нејзината економија. Сметаме дека е исклучително позитивно за периодот што следи тоа што зад нас ја оставивме Шпанија и се рангиравме на четвртото место по Франција, Англија и Германија“.

Гледајќи ги последните 10 години, Даглиоглу рече дека Туркије ја задржа својата водечка позиција, особено во инвестициите во производствениот сектор во пошироката географија која ги опфаќа Централна и Источна Европа, Блискиот Исток и Северна Африка, и додаде:

„Во овие региони, станавме земја која привлече најмногу инвестиции во производството, со 21,7 % инвестиции во производството. На прво место сме како земја која привлече најмногу инвестиции за проширување, со 19,1 % инвестициите од типот на експанзија реализирани од 2013 година.“



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

Претходно

Џинпинг доаѓа во Европа барајќи поголема кинеска улога во Украина

Следно

Украина е на работ

Latest from Blog