Туркије официјално го прифати 11 јули како Меѓународен ден на сеќавање на геноцидот во Сребреница

July 10, 2024
1 min read

АНКАРА (АА) – Одлуката на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, 11 јули да се одбележи како Меѓународен ден на сеќавање на геноцидот во Сребреница, е објавена во Службениот весник на земјата, јавува Анадолу.

Во одлуката потпишана од турскиот претседател Ердоган беше наведено дека геноцидот во Сребреница, кој Меѓународниот суд на правдата го означи како најголем геноцид во Европа по Втората светска војна поради убивањето на повеќе од осум илјади луѓе во Босна и Херцеговина, со потсетување дека 11 јули 1995 година, оставил темна трага во историјата на човештвото.

Со резолуцијата за геноцидот во Сребреница, која беше усвоена од Генералното собрание на Обединетите нации на седницата одржана на 23 мај годинава, 11 јули беше прифатен како Меѓународен ден на сеќавање на геноцидот во Сребреница во 1995 година.

Се нагласува дека оваа резолуција безрезервно ги осудува дејствијата со кои се величаат осудените пред меѓународните судови за воени злосторства, злосторства против човештвото и геноцид, вклучително и одговорните за геноцидот во Сребреница како историски настан и ги советува земјите членки да развијат соодветни програми за спречување, негирање, искривување на геноцидот и појава на слични настани во иднина.

„Во овој контекст, кај нас се одбележува 11 Јули, кој е прифатен да ја подигне свеста низ целиот свет преку специјални комеморативни настани, едукација и активности за подигање на јавната свест кои ќе се одржат во спомен и чест на жртвите од геноцидот во Сребреница, со цел споделување на болката и осудата на геноцидот и злосторствата против човештвото и ќе биде одбележан како Меѓународен ден на сеќавање на геноцидот во Сребреница 1995 година“, се наведува во одлуката и се додава:

„Активностите што ќе се организираат во рамки на одбележувањето на 11 Јули, Меѓународниот ден на сеќавањето на геноцидот во Сребреница, ќе се реализираат во соработка со соодветни јавни институции и организации под координација на Министерството за надворешни работи. Би сакал да ве замолам за информации и помош за обезбедување на секаков вид поддршка и помош што им е потребна на сите јавни институции и организации без одлагање со цел да се спроведат настаните што ќе се организираат во овој контекст на најдобар можен начин.“



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

MARKETING

MARKETING

Претходно

Осум Палестинци, меѓу кои 6 деца, се убиени во израелски воздушен напад врз домови во центарот на Газа

Следно

Ревизорите нижат извештаи, обвинителите отвораат предмети – исходот се чека

Latest from Blog

Серхио Љуљ пред нов потпис

Легендарниот шпански кошаркар, Серхио Љуљ (37), засега не планира да се пензионира, бидејќи ќе продолжи да игра за Реал Мадрид и следната сезона. Се очекуваше да ѝ стави крај на кариерата по

Градоначалникот на Дојран, Ангов: Будно ја следиме состојбата со пожарите на терен

Градоначалникот на Дојран, Анго Ангов, вечерва преку својот фб профил им се заблагодари на сите учесници кои учествуваа во гаснењето на пожарот крај Дојранското Езеро. Фб, статусот ви го пренесуваме во целост:

Министерство за здравство: Се следи состојбата со пожарите на терен и се постапува согласно развојот на настаните

Министерството за здравство информира дека во контекст на актуелните пожари, здравствениот систем „е целосно мобилизиран и подготвен за навремен и соодветен одговор на евентуалните последици“… Формирани се дополнителни медицински тимови, обезбедени се
Go toTop