Туркиjе на Азербејџан му го честиташе Денот на независноста

1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Туркије денес на народот на Азербејџан му го честиташе Денот на независноста, односно 105-годишнината од усвојувањето на Декларацијата за независност на оваа земја, јавува Анадолу.

„Му го честитам Денот на независноста на нашиот брат Азербејџан, со кој секогаш сме рамо до рамо, под мотото ‘еден народ, две држави’ и со почит им оддавам почест на нашите херои што ги дадоа своите животи за независност“, изјави турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган на Твитер, споделувајќи ги знамињата на Туркије и Азербејџан.

Националниот совет на Азербејџан на 28 мај 1918 година ја прогласи независната Демократска Република Азербејџан, позната како Азербејџанска Народна Република.

На историскиот состанок тој ден во главниот град на Грузија, Тбилиси, беше усвоена Декларацијата за независност на Азербејџан од шест дела.

Денешниот ден сѐ до 2021 година се славеше како Ден на Републиката, а потоа во октомври 2021 година беше преименуван во Ден на независноста.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

Претходно

Масовен руски напад со дронови на Киев

Следно

Меси е најдобар стрелец во историјата на петте најсилни европски лиги

Latest from Blog