Масовен руски напад со дронови на Киев

1 min read

Руската армија лансира повеќе од 40 беспилотни летала кон главниот град на Украина, кои синоќа беа соборени од киевските системи за воздушна одбрана, при што едно лице загина, соопштија украинските власти.

Додека Киев денеска се подготвува да ја прослави годишнината од своето основање, руската војска го изведе досега најголемиот напад со беспилотни летала врз градот, јавува Ројтерс.

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, на својот профил на Телеграм напиша: „Експлозии во Киев. Информацијата е потврдена“.

Тој додаде дека системитe за противвоздушна одбрана во областа Киев се активни.

Претходно, украинските медиуми објавија дека експлозии се слушнале во бројни региони, вклучувајќи ги Житомир и Суми, и дека е прогласена воздушна тревога во поголемиот дел од Украина, Киев и Киевската област.

Извор: 360stepeni.mk

Претходно

Работите се влошуваат, нема напредок во борбата против корупцијата – оценка на амбасадорот Коп

Следно

Туркиjе на Азербејџан му го честиташе Денот на независноста

Latest from Blog