Туркије: Компанијата „Бајкар“ ја претстави новата паметна крстосувачка ракета КЕМАНКЕШ

April 27, 2023
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – ЃОКСЕЛ ЈИЛДИРИМ –

Турската компанија „Бајкар“ на јавноста ѝ претстави нов производ од одбранбената индустрија, станува збор за паметната крстосувачка ракета БАЈРАКТАР КЕМАНКЕШ, јавува Анадолу.

На аеродромот „Ататурк“ во Истанбул денес започна ТЕХНОФЕСТ, најголемиот турски фестивал за воздухопловство и технологија. Петдневниот фестивал содржи бројни настани како што се технолошки натпревари, авиошоуа, концерти и семинари.

На настанот се одржа и првото претставување на крстосувачката ракета КЕМАНКЕШ развиена од компанијата „Бајкар“, позната на светската јавност по успешниот развој и производство на беспилотни летала.

Шефот на инженерскиот тим на платформата на „Бајкар“, Бурак Озбек, за Анадолу изјави дека БАЈРАКТАР КЕМАНКЕШ е развиена за да ја зголеми офанзивната способност против стратешките цели со беспилотното летало Бајрактар ТБ2. Тој додаде дека покрај Бајрактар ТБ2, КЕМАНКЕШ може да се интегрира со сите летала од таа компанија.

„Со ласерски водена муниција што моментално ја користиме мора да се приближите до целта и да ја видите целта. Тоа ве става во ризичната зона. Бидејќи обезбедуваме комуникација воздух-воздух особено со леталото ТБ2, КЕМАНКЕШ ја постигна способноста за напад на непријателските елементи од многу поголема далечина, дури и без влегување во ризичното подрачје. Таа е способна да нападне цел со обработка на снимки со помош на сопствен систем и вештачка интелигенција. Исто така може да дејствува и во средини на електронско војување со сопствените GNSS-системи против пречки. Во таа смисла, сметам дека ТБ2 значително ќе ги зголеми своите можности“, рече Озбек.

Нагласувајќи дека овој проектил е во фаза на напредни тестови, Озбек рече дека ќе биде вклучен во масовно производство до крајот на оваа година.

Вкупната тежина на КЕМАНКЕШ е 35 килограми, вклучувајќи ја и боевата глава од шест килограми. Погонот на ракетата е млазен мотор и максималниот домет ќе ѝ биде 250 километри.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS).

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Кина ќе ги дигитализира рудниците за да ја подобри безбедноста

Следно

Во реката Вардар пронајдено телото на исчезнатиот 25-годишник

Latest from Blog

Грција денеска без возови поради штрајк на машиновозачите

Од синдикатот на машиновозачи на Грција соопштија дека компанијата „без никакво предупредување во август отпушти тројца искусни машиновозачи“ кои, според нив биле со над 42 години стаж и со здравствени проблеми. –

Во исчекување на „Златната топка“, Дембеле го победи Јамал за уште една награда

ФОТО: FC PSG/FB Фаворитот за „Златна топка“, Усман Дембеле, веќе е сопственик на уште една вредна индивидуална награда „le Onze d’Or 2025“. Ја доделува годишно француското списание „OnzeMondial“. Исто како наградата Франс

ВРЕДИ: Две децении корупција и хаос се единствениот резултат на ДУИ

Соопштение на коалицијата ВРЕДИ: „ДУИ/АКИ со половина од раководството на меѓународни црни листи немаат ниту морал ниту кредибилитет да зборуваат за „српскиот свет“, бидејќи Абаз Ѓука од ОВК заврши во Али Ахмети

Руските дронови повторно предизвикуваат загриженост за европската цивилна авијација

Упадот на руски беспилотни летала во полскиот воздушен простор предизвика загриженост за ранливоста на цивилниот воздушен сообраќај во Европа, велат експертите за авијација и безбедност, најновиот проблем со кој се соочуваат авиокомпаниите

Gemini доби функцијата што многумина ја бараа

Google додаде нова функција во својата апликација Gemini и го подобрува начинот на кој работи со звук. Една од најбараните опции конечно е достапна во апликацијата Gemini: покрај текст, слики и видео
Go toTop