Туркије ги прекина сите трговски операции со Израел

May 3, 2024
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Туркије во втората фаза од рестриктивните мерки ги прекина сите извозни и увозни операции со Израел поради „агресијата врз Палестина со која се кршат меѓународното право и човековите права“, објави турското Министерство за трговија, јавува Анадолу.

Претходно, на 9 април Туркије го ограничи извозот на 54 категории производи во Израел, потсети Министерството, наведувајќи дека и покрај оваа мерка, израелската Влада продолжила со агресивниот став и дека хуманитарната трагедија во Палестина се влошила.

Се додава дека од 7 октомври 2023 година, Туркије започнала иницијативи на највисоко ниво и ги користи сите расположливи дипломатски средства да ги запре судирите во Газа, да ги спречи хуманитарните загуби и физичкото разорување, да обезбеди траен прекин на огнот и да го имплементира дводржавното решение.

„Од првиот ден, нашата држава побрза во помош на жителите на Газа, со бродови и авиони достави десетици илјади тони хуманитарна помош во регионот, особено храна, здравствена и медицинска помош, евакуираше илјадници пациенти и е покрај палестинските браќа и сестри во овие тешки денови“, соопшти Министерството за трговија.

Меѓутоа, како што се наведува, масакрот, хуманитарната катастрофа и физичкото разорување предизвикани од Израел, продолжува, а израелската Влада ги игнорира меѓународните напори за прекин на огнот и ја спречува испораката на хуманитарна помош.

Понатаму се нагласува дека Туркије одлучно ќе ги спроведе новите мерки додека израелската Влада не дозволи непречен и доволен проток на хуманитарна помош во Газа.

Министерството, исто така, соопшти дека се координираат напорите меѓу турското Министерство за трговија и палестинското Министерство за национална економија за да се осигура дека „палестинските браќа и сестри кои се принудени да живеат под окупација да не бидат погодени од овие ограничувања“.

„Република Туркије ќе продолжи да ги поддржува напорите на палестинските браќа и сестри, како што правеше до денес“, се додава.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Клучниот човек на Ред Бул си заминува на крајот од сезоната

Следно

Идеална држава

Latest from Blog

И покрај поразот од 0-7: Славен Билиќ останува селектор на Хрватска

Хрватската репрезентација го доживеа најтешкиот пораз во својата историја, откако Англија славеше со неверојатни 7:0 во Риека. По натпреварот во центарот на вниманието се најде иднината на селекторот Славен Билиќ. Дел од

Никарагва одлучи да го раскине договорот од 1987 година

Како што соопшти Министерството вчера, „остварувајќи го своето суверено право“, Никарагва одлучи да го раскине договорот од 1987 година со кој беше формиран парламентот за шест централноамерикански држави, одлуката стапува на сила
Go toTop