Туркије: Бројот на странски туристи во јануари го надмина нивото пред пандемијата

February 24, 2023
1 min read

АНКАРА (АА) – Бројот на странски туристи кој изнесуваше повеќе од два милиони во Туркије во јануари, го надмина нивото пред пандемијата, покажуваат податоците објавени денеска, јавува Анадолу.

Турското Министерство за култура и туризам објави дека бројот на пристигнувања на странски туристи е поголем од претходниот рекорд од 1,8 милиони забележани во јануари 2020 година, непосредно пред пандемијата на коронавирусот.

Туркије во јануари минатата година беше домаќин на 1,28 милиони странски туристи, а околу 510.000 во јануари 2021 година, кога секторот на светскиот туризам скоро застана поради мерките за ограничување на патувањето и затворањето на границата.

Минатиот месец, Русите го чинеа најголемиот дел од странските посетители во Туркије, а забележани се 279.818 пристигнувања, двојно повеќе во однос на една година претходно.

Следни најбројни се бугарските туристи – 167.138 посетители (52 отсто повеќе во однос на претходната година), Германците – 139.955 (36,4 отсто повеќе од јануари 2022 година) и Грузијците – 114.508 (190,4 отсто повеќе во однос на јануари минатата година).

Истанбул, најголемиот град во Туркије по број на население и туристички центар, беше домаќин на 59,3 отсто од сите странски посетители, или 1,19 милиони.

Турската област Едрене на северозападната граница на Туркије со Бугарија и Грција го зазеде второто место, со 242.615 странски туристи или 12,1 отсто од вкупниот број посетители. На третото место е одморалиштето Анталија со 9,1 отсто од вкупниот број посети или над 183.338 туристи.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS).

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Русија ќе стигне до Полска, ако се прашува Медведев

Следно

Полскиот премиер Моравиецки во посета на Украина

Latest from Blog

Во Кувајт уапсени 24 лица осомничени за финансирање терористички ентитети

„Безбедносните сили спроведоа операција со која се спречи криминален заговор насочен кон поткопување на безбедноста на земјата и финансирање терористички субјекти и организации“, се вели во пораката од министерството објавена на социјалната

ДПИ проверил над 800 продажни места, извештајот испратен до Министерство за економија

Државниот пазарен инспекторат го доставил извештајот од извршените инспекции до Министерството за економија од кој ќе зависи дали по Велигден ќе има нови мерки против поскапувањата како намалување на ДДВ и ограничување

Елмас и Наполи извлекоа реми кај Парма

Елис Елмас и неговиот тим Наполи, извлекоа бод во ремито на гостински терен против тимот на Парма, во рамките од новото коло од Серија А шампионатот. Иако фаворит, Наполи од самиот старт
Go toTop