Тунис спречи три обиди за премини во Европа, приведе 239 мигранти

1 min read

ТУНИС (АА) – Тунис соопшти дека спречил три обиди за нерегуларна миграција за преминување на Медитеранот во Европа, пренесува Анадолу.

Во соопштението, портпаролот на Националната гарда, Хошам Един ал-Џабабли, рече дека 239 нерегуларни мигранти се приведени синоќа при обид илегално да преминат во Европа по морски пат во источните градови Махдија, Набеул и јужниот град Сфакс.

Додаде дека мигрантите се од Тунис и од голем број африкански земји.

Портпаролот истакна дека уште 16 Тунижани биле приведени при обид да стигнат кон Италија.

Со години, северноафриканските земји како Тунис, Алжир, Либија, Мавританија и Мароко беа сведоци на обиди на мигрантите, главно од супсахарска Африка, да стигнат до Европа, надевајќи се на подобар живот. Додека некои од мигрантите успеваат да стигнат до Европа, други често умираат за време на патувањето.

Според туниските власти, во 2021 година приведени се над 20.000 нерегуларни мигранти.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

Претходно

Брнабиќ: Сите се молат на Бога Вучиќ да остане претседател на Србија

Следно

МВР ќе разговарале со обвинител па ќе одлучеле: Ќе одговара ли Виктор Стојанов кривично за заканата кон македонскиот полицаец?!

Latest from Blog