Путин со сочувство до Иран: Раиси ѝ беше вистински пријател на Русија

May 20, 2024
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Рускиот претседател Владимир Путин денес упати сочувство поради смртта на иранскиот претседател Ебрахим Раиси и други високи владини претставници во хеликоптерска несреќа, јавува Анадолу.

„Сеид Ебрахим Раиси беше извонреден политичар чиј цел живот беше посветен на служењето на татковината. Тој со право уживаше висока почит од своите сонародници и значителен авторитет во странство“, рече Путин во телеграмата до иранскиот врховен лидер, ајатолахот Али Хамнеи, објавена од Кремљ на официјалната веб-страница.

Путин го опиша Раиси како „вистински пријател на Русија“, истакнувајќи дека тој дал „непроценлив личен придонес“ за развојот на односите помеѓу Москва и Техеран и работеше напорно за да ги издигне на ниво на стратегиско партнерство.

„Неколкупати имав можност да се сретнам со Сеид Ебрахим Раиси и засекогаш ќе го задржам најубавиот спомен за овој прекрасен човек. Ве молам да ги пренесете искреното сочувство и поддршка до семејството и пријателите на починатиот претседател и на сите загинати во оваа страшна катастрофа“, додаде рускиот претседател.

Претходно во текот на денот Техеран потврди дека Раиси, како и министерот за надворешни работи Хусеин Амир-Абдулахијан и други официјални претставници загинале во хеликоптерска несреќа во планинската провинција Источен Азербејџан вчера попладне на враќање од церемонијата за пуштање во употреба на два комплекса хидроелектрани на иранско-азербејџанската граница.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Петдневна жалост по смртта на иранскиот претседател во хеликоптерска несреќа

Следно

Ердоган упати сочувство по повод смртта на Раиси: Туркије е покрај Иран

Latest from Blog

Николовска: СЈО ги чинеше граѓаните милионски суми, а резултатите изостанаа

Во вчерашното издание на емисијата „Анализа“ на ТВ 24, гостуваше Ружица Николовска, член на Правната комисија на ВМРО-ДПМНЕ, која во реплика на Ленче Ристоска, јавен обвинител, се осврна на начинот на кој

Божиновска: Да создадеме услови секој млад човек да го покаже својот потенцијал

Креативноста и потенцијалот на учениците со попреченост беа во фокусот на проектот „EVN4Environment“, во кој учествуваа 10 училишта и повеќе од 100 ученици. Преку креативни работилници, учениците создаваа пораки и дизајни посветени

Македонското друштво “Илинден“-Тирана на Конгресот на ФУЕН ќе предложи резолуција за унапредување на правата на Македонците во Албанија

Македонското друштво “Илинден“-Тирана, потврдувајќи го учеството на Конгресот на Федералната унија на европските националности (ФУЕН), најави дека ќе предложи Резолуција за унапредување на правата на Македонците во Албанија. Годинашниот 70. Конгрес на

Димитриеска-Кочоска: ЦЕБ досега одобри 314 милиони евра за 10 проекти во Македонија

17 септември 2026 година, Скопје – Банката за развој при Советот на Европа (ЦЕБ) е долгогодишен и значаен партнер на земјава во реализацијата на проекти насочени кон подобрување на образованието, социјалната инфраструктура
Go toTop