ЦУК: Повеќе пожари и едно починато лице за 24 часа

January 21, 2024
1 min read

Од Центарот за управување со кризи (ЦУК) информираат дека изминатото деноноќие, покрај снегот  и студеното време, имало повеќе пожари и едно починато лице.

Според податоците од Регионалниот ЦУК Куманово, пожарникарите од Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Ранковце, околу 04:20 часот интервенирале на опожарена куќа во село Отошница.

Во пожарот имало и починато лице. – За да може побезбедно да се интервенира, околу 04:45 часот било побарано и „ЕВН“ да ја исклучи струјата во тој реон.

За настанот, покрај Итната медицинска помош, се известени и МВР и СВР Куманово, се појаснува во соопштението на ЦУК.

Пожарникарите од ТППЕ Куманово од 04:25 до 05:45 часот, со седум пожарникари и едно возило интервенирале и на опожарена куќа на улицата „716“ број 9 во населбата „Баново Трло“.

– Пожарникарите од БППЗ на градот Скопје имале една интервенција, поради запален оџак. ТППЕ Охрид, во текот на денот имала четири интервенции поради запалени оџаци.

ТППЕ Кичево имала една интервенција поради запален оџак.

ТППЕ Прилеп од 20:12 до 21:35 часот, со четири пожарникари и едно возило, гаснела опожарен дел од мотор на автобус на патниот правец село Беловодица – Прилеп.

Имало и една помала интервенција поради запален оџак, додаваат од ЦУК. За 24 часа имало вкупно 1.

891 повик на Единствениот број за итни случаи 112, од кои „реални“ повици биле 41,41 отсто, а 58,59 проценти биле за други потреби на граѓаните, што не биле итни.

Кон полиција биле упатени 55,03 отсто, кон Итната медицинска помош 30,47 проценти, кон пожарникарите 0,89 отсто, а кон АМСМ  1,18 проценти од реалните повици.

Извор: alsat.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Дневен хороскоп за 21-ви јануари 2024-та

Следно

Во израелските напади врз Газа во изминатите 24 часа загинаа 178 Палестинци, вкупниот број се искачи на 25.105

Latest from Blog

Проданоски го осуди палењето на знамето на Општина Прилеп

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, остро го осуди синоќешниот вандалски чин на симнување и палење на знамето на Општина Прилеп, оценувајќи дека станува збор за напад врз симболите, достоинството и вредностите

Шпанските спасувачи трагаат по 23 исчезнати во пожарот кој однесе 12 жртви

Пожарот сè уште се шири поради неповолните временски услови и тешките временски услови, а досега зафати околу 4.000 хектари вегетација. Во битката со огнот, учествуваат повеќе од 500 служби за итни случаи,

Пожар на тешко достапен терен кај Валандово, општината се сомнева на намерно подметнување

Пожар денеска во 12:37 часот е пријавен на тешко достапен терен кај месноста Пирин Чешма во Општина Валандово. Веднаш по пријавата, на местото интервенираат екипи на Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Валандово, кои

Ребаланс на Буџетот: По 2 милиони денари за жените земјоделки и жртвите на семејно насилство

Јули 2026, Скопје – Два милиони денари дополнителни средства со предлог ребалансот се обезбедуваат за поддршка на жените коишто вршат земјоделска дејност и уште 2 милиони за финансирање национална СОС линија за
Go toTop