ЦУК: Активни пожари во Желино, Сарај, Василево, Македонски Брод, Прилеп и Велес

July 19, 2025
1 min read

Во изминатото деноноќие изгаснати се вкупно 30 пожари, шест се активни, а три се ставени под контрола. Добивме информација за нов пожар, во општина Желино, кој се движи кон тетовско Еребино. Итно е испратена екипа од Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје и екипи на ТППЕ Тетово, каде веќе дејствуват на гаснење на пожарот, а набргу ќе пристигнат и две возила на Дирекцијата за заштита и спасување и еден хермелин.

Надица Вчкова од Главниот штаб за управување со кризи денеска изјави дека се уште активен е пожарот во село Нивичино, општина Василево, каде гори нискостебелеста шума. Активен пожар има и во село Грешница, општина Македонски Брод, кој зафатил мешана шума и ниска вегетација. Во општина Прилеп активен е пожарот меѓу селата Царевиќ и Смолани, каде гори мешана шума и ниска вегетација.

– Добивме информација дека во општина Сарај има пожар до обиколница, каде гори сува трева. Поради силен ветер, пожарот во Велес меѓу селата Џидимирци – Крушје –  Иванковци повторно е активиран со краци во неколку правци, рече Вчкова.

Под контрола се ставени пожарите во село Николиќ во општина Дојран, пожарите во општина Демир Хисар, во општина Македонски Брод, кај селата Црешнево, Локвица и Крапа, каде постои, како што рече, внатрешно минимално догорување.

Таа информира дека во текот на денешниот ден покрај ТППЕ и екипите на ЈП „Национални шуми“, во гаснењето на пожарот кај селата Царевиќ и Смолани во општина Прилеп ангажирани се и два ер-трактори на ДЗС за воздушна интервенција, а на пожарот кај село Нивичино во општина Васелево интервенираа два хеликоптери, еден на МВР, а еден на Армијата. За поддршка на терен се ангажирани и две специјализирани возила на ДЗС и 15 припадници на специјалните полициски сили.

– На пожарот кај село Грешница, општина Македонски Брод испратено е едно специјализирано возило со екипаж од марката „Пинц Гауер“ на ДЗС за поддршка на копнените сили. Кај селата Џидимирци – Крушје –  Иванковци во општина Велес ангажирани се две возила  „Пинц Гауер“, како и 30-тина припадници на Армијата. Дополнително хеликоптер на МВР ќе биде ставен во готовност и ќе интервенира по потреба, во согласност со приоритетите што ќе ги утврди Главниот штаб во текот на денот, појасни Вчкова.

Специјализирани тимови на ДЗС ќе бидат вклучени по проценка на ситиацијата на терен.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Полицискиот хеликоптер исфрли повеќе од 35 тони вода врз пожарот во струмичко

Следно

Орце Ѓорѓиевски или Каја Шукова?! Познати имињата за трката за градоначалник на Град Скопје

Latest from Blog

„И Здравје и Работа“: Македонија треба да ги следи европските политики за критични суровини и да создаде услови за одговорно рударство

Европскиот извештај е поттик за усогласување на законодавството, развој на рударството и искористување на потенцијалот на домашните минерални ресурси Европската Унија јасно укажува дека критичните минерални суровини имаат стратешко значење за европската

„Паркинзи Битола“: Приходот од 2.747 СМС-пораки за роденденот на градот ќе оди за хуманитарни цели

И покрај тоа што паркирањето во Битола било бесплатно по повод „Роденденска Битола“, 1.363 корисници испратиле вкупно 2.747 СМС-пораки за регулирање на паркинг-сесиите, соопштија од „Паркинзи Битола“. Од јавното претпријатие најавија дека

Ангел Анѓушев: Добрата цена сама по себе не е доволна за успех на странските пазари

Квалитетот на производите и доследното почитување на меѓународните стандарди се предуслов за компаниите да бидат конкурентни на странските пазари, порача Ангел Анѓушев, оперативен директор на „Грин машинс“ и член на Управниот одбор

Коњановски: Поголема улога на компаниите во развојот и општествениот живот на Битола

Иницијативата за формирање „Бизнис клуб Битола“, поддршката за Клиничката болница и поголемото вклучување на компаниите во активности од општествен интерес беа теми на работниот состанок на Регионалната комора со седиште во Битола.

Славески: Од следната недела до 15.000 денари неделно за подигање готовина од „АЛТА банка“

Од следната недела, неделниот лимит за подигање готовина и плаќање со картичките на „АЛТА банка“ АД Битола ќе се зголеми од 10.000 на 15.000 денари, најави гувернерот на Народната банка, Трајко Славески.
Go toTop