Црвен безбедносен аларм во Србија

June 30, 2024
1 min read

Продолжуваат апсењата низ цела Србија по терористичкиот акт во Белград, каде што полицаец на должност беше нападнат пред израелската амбасада. Две лица се во притвор, а Србија во моментов има црвеното ниво на безбедност, кое најверојатно ќе се задржи до вторник.

Српскиот министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ изјави дека синагогата во Белград била можна прва мета на Милош Жујовиќ, кој го нападна полицаецот.

„Треба да најдеме соодветна причинско-последична врска меѓу активностите на вахабистите и конкретниот настан. Затоа е спроведена широка акција на сослушувања и притвори, а во два случаи е одредена мерка притвор. За Игор Деспотовиќ, кој беше уапсен во Белград, и Кемал Беговиќ кој беше приведен при претресот во Нови Пазар. Одзеден му е елекот со знаме на таканаречената Исламска држава.“ – изјави Дачиќ.

Милош Жујовиќ од Младеновац, кој прејде во ислам со верско име Салахудин, кој се преселил да живее во Нови Пазар, е 25 годишникот кој со самострел вчера застрела припадник на српската жандармерија на безбедносна должност во израелската амбасада. Напаѓачот е убиен од полицаецот кој беше повреден во нападот кој српските власти го сметаат за „терористички акт“. Српскиот претседател Александар Вучиќ најави нови апсења. 

„Имаме многу добра соработка со двете исламски заедници во Србија, но се уште постои пристапот на странски служби. Преку некои имами тие се обидуваат да го прошират своето влијание. Како што се борите против православниот екстремизам, така се борите и против исламскиот. Ова е целосно планиран терористички напад. Тоа го направи обидувајќи се да избегне каква било реакција од жандармите. Не го ни подигна самострелот, туку го извади од торбата. Навистина, тој човек заслужува восхит поради неговата смиреност и дисциплина.“ – рече Вучиќ.

Граѓаните на Србија немаат причина за страв и загриженост по овој напад, рече Вучиќ. Според него, Србија според сите статистики е една од најбезбедните земји во Европа и дека нема да има милост кон тероризмот и терористите. Црвеното ниво на безбедносна закана од тероризам значи дека има зголемено полициско присуство низ цела Србија.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Најмалку 18 лица загинаа во напади на жени-самоубијци во Нигерија

Следно

Ахмети пред Генералниот совет: Оваа влада нема етнички легитимитет

Latest from Blog

ЛЕ: Ц. Звезда три чекори поблизу до главната фаза, шок за Салах и Трабзон (ВИДЕО)

Белградска Црвена Звезда успеа да оствари одлична предност од 3:0 на првиот меч со Викторија Плзен во рамките на плеј-офот за Лигата на Европа. Вечерва во Белград, некогашниот европски шампион дојде до

Силен земјотрес од 6,7 степени го потресе Перу (ВИДЕО)

Нема непосредни извештаи за штети, објави АП. Земјотресот се случил околу 13 часот по локално време, со епицентар 38 километри северозападно од градот Упахуача, во одделот Паринакочас во регионот Ајакучо. Епицентарот на

Три локации во Скопје се поплавуваат по секој интензивен дожд

За критичните точки на булеварот „Србија“ и кај „Мавровка“ се изработени технички решенија, чија реализација треба значително да ја намали можноста за поплавување на овие локации. Состојбата кај кружниот тек кај „Ист

Божиновска: „Чешка е наш докажан и значаен партнер, целта се конкретни проекти и инвестиции

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, оствари средба со заменик-премиерот и министер за надворешни работи на Чешката Република, Петр Мацинка, кој престојува во официјална посета на Македонија. Енергетиката, инвестициите

Гинов: По дефектот, водоснабдувањето во Битола постепено се нормализира

По отстранувањето на дефектот, водоснабдителниот систем во Битола постепено се враќа во нормален режим на работа, информира директорот на ЈКП „Водовод“ – Битола, м-р Андреј Гинов. Гинов посочува дека во моментов резервоарите
Go toTop