ЦИА ги кани Русите да ја кодошат татковината

May 20, 2023
1 min read

Американската разузнавачка агенција, на својот Јутјуб канал и на Телеграм кој е популарен во Русија, објави видео во кое ги охрабрува Русите да ја предадат својата земја, односно да ги контактираат и да им даваат информации за состојбата.

Краткото видео на ЦИА на руски јазик е придружено со текст во кој се вели дека агенцијата сака да стапи во контакт со воени офицери, специјалисти за разузнавање, дипломати, научници и луѓе со информации за руската економија и нејзиното раководство.

„Контактирајте нè. Можеби луѓето околу вас не сакаат да ја слушнат вистината, но ние сакаме,“ се порачува во видеото.

Објавено 15 месеци од започнувањето на војната во Украина, видеото ги кани Русите да преземат огромен ризик. Минатиот месец, руската Дума ги заостри казните за предавство на државата; минималецот е 20 години затвор а може да се добие и доживотна робија.

Текстот кој го следи видеото ги упатува заинтересираните да контактираат со ЦИА преку онлајн платформата за комуникации Тор и нуди линк до упатство зза користење на Тор.  

ИЗВОР: off.net.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Барселона постигна вербален договор со Гундоган

Следно

Ретро слатки задоволства: Со што се засладуваа во поранешна Југославија?

Latest from Blog

Туфахија

Состојки: 8 јаболка со средна големина (околу 1,5 кг) 200 грама шеќер 100 грама ореви 1 лажичка цимет 1/2 лажичка ѓумбир во прав 1 белка 1 лимон 1 шлаг 1 литар вода

Алиу: Дигитализацијата е еден од клучните столбови за унапредување на здравствениот систем

Министерот за здравство, Азир Алиу, се обрати на свеченото отворање на 21-от Конгрес на лекари на Македонија, кој традиционално го организира Македонското лекарско друштво и важи за најголем медицински собир во земјава

Ѓорѓиевски: Имињата на македонските партизани се запишани со златни букви

Градоначалникот на Кисела Вода и кандидат за градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска присуствуваше на одбележувањето на патронатот на општинската организација на Сојузот на борци на Македонија и на општинската организација на
Go toTop