Царинска управа со финални подготовки за воспоставување на оне-стоп-шоп со Косово

1 min read

реклама



Царинската управа се подготвува за воспоставување на оне-стоп-шоп со Косово на граничниот премин Блаце, што ќе овозможи побрз проток на стоки и луѓе, како дел од активностите што се спроведуваат за забрзување и олеснување на трговијата. Со тоа се зајакнува конкурентноста на македонските компании на меѓународниот пазар и се овозможува поддршка на легалната трговија од една страна и се подобруваат условите за ефикасно спречување на нелегални активности на граница од друга страна. Ова е една од суштинските пораки од денешната посета на директорот Стефан Богоев и заменик директорот Муарем Асани на граничниот премин Блаце.

„Граничниот премин Блаце е втор позначаен граничен премин на нашата северна граница, кој овозможува влез кон Косово, и движења кон Србија, Црна Гора и потоа кон Јадранското море. Со неговата модернизација придонесуваме за забрзување на трговијата и транспортот и подобрување на перформансите на македонската економија“, вели Богоев.

реклама

Царинската управа значително инвестира во модернизација на граничното управување. Ова вклучува подобрување на инфраструктурата на граничните премини, поддржано со современи пристапи за забрзување на патничкиот и товарниот проток.

реклама



Претходно

Хуавеи и Шаоми ќе работат заедно

Следно

Азербејџан објави дека во Карабах е започната антитерористичка операција

Latest from Blog

Mицкоски на изложба во МАНУ: По смената на власта ќе се даде огромна поддршка за заштита и зачувување на она што е национално благо и дел од нашата култура и историја

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ присустуваше на изложбата Лица на револуцијата” на досеганеобјавени фотографии од македонските револуционери. Штета