Трудо: Украина треба да биде вклучена во мировните преговори

February 21, 2025
1 min read

Премиерот на Канада, Џастин Трудо, во телефонски разговор со украинскиот претседател Володимир Зеленски, истакна дека секој мировен договор со Русија мора да ја вклучи Украина на преговарачка маса.

Трудо ја потврди поддршката на Канада за Киев и „нагласи дека не може да има одржлив мир во Европа без безбедност за Украина“.

Канадскиот премиер телефонски разговараше и со италијанската колешка Џорџа Мелони. Според украинските медиуми, Мелони потврди дека „приоритетот на Италија е ист како и на другите од Европа, НАТО и Киев е да направи се што е можно за да се запре конфликтот и да се постигне мир.

– Храброста и решителноста на Украинците, заедно со поддршката на Западот, беа факторите што ги создадоа условите за преговори за евентуален мировен договор денес. Италија, заедно со САД и нејзините европски и западни партнери, работи на траен мир во Европа, кој бара реални и ефективни гаранции за безбедноста на Украина, посочи Мелони.

Претходно и претседателот на Франција, Емануел Макрон на Икс објави дека телефонски разговарал со Зеленски за најновите дипломатски напори и да ги подготви следните чекори, вклучително и за неговото патување во Вашингтон следната недела.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Нетанјаху тврди дека Хамас предал тело на неидентификувана жена од Газа наместо телото на Шири Бибас

Следно

Додека Агелер е воодушевена од посетата: Апологетот на Филипче, Ордановски смета дека Трамп е криминалец, а посетата на Мицкоски непотребна

Latest from Blog

Сиљановска-Давкова: Патот кон ЕУ е „маратон со пречки“, без основа во европското право

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова оцени дека евроинтегративниот пат на Македонија не е само долг процес, туку „маратон со пречки, што нема основа во европското право“. Одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес-конференција во

Супермаркети, хипермаркети и други големи маркети ќе станат објекти од државно значење

Супермаркети, хипермаркети и други големи маркети ќе станат објекти од државно значење, според нова измена на Правилникот за урбанистичко планирање што ја прави Министерството за транспорт и врски, само еден месец по
Go toTop