Додека Агелер е воодушевена од посетата: Апологетот на Филипче, Ордановски смета дека Трамп е криминалец, а посетата на Мицкоски непотребна

February 21, 2025
2 mins read

Хистерија кај опозициски настроените „експерти“ и активисти поради присуството и обраќањето на премиерот Христијан Мицкоски на (СРАС) годишната Конференција за политичко дејствување на конзервативците.

Секоја меѓународна активност и победа за Македонија овие „експерти“ се обидуваат малициозно да ја омаловажат. Ордановски во офанзива за повисок хонорар кај Филипче сее ветер и магла по телевизиите и упатува навреди и жолчни критики кон Америка најголемата пријателска земја на Македонија, а нејзиниот претседател Доналд Трамп го нарекува криминалец.

„Експертот“ Ордановски навиваше за Америка, но до моментот кога имаше фондови. Сега кога Америка ги запре фондовите, Ордановски со пцовки и навреди кон Америка. Сашо Ордановски сервира ветер и магла по опозициските телевизии.

Тоа му е единствена професија од која заработува и стекнува хациенди во населбата Бардавци, но се помалку има кој да го слуша и кој да му верува.

Во своето гостување на „Само интервју“ на телевизија Канал 5, Ордановски вели дека „Трамп е на страната на злото“ коментирајќи ги моменталните состојби за војната во Украина.

Ордановски го критикуваше и американскиот потпретседател Џеј-Ди Венс. Ордановски за Маск пак смета дека е расист.

„Елон Маск тој во суштина е расист, доаѓа од Јужна Африка како илегалец во Америка и тој би требало сега со ланци да биде, како и жена му на Трамп поради тоа што и таа е илегалка“ смета Ордановски.

На Ордановски сите му се криви и се за него е лошо. И додека апологетот на Филипче знае само да напаѓа и критикува сега и контра Агелер која смета дека посетата на Мицкоски на САД е одлична. Додека другар му на Филипче, Сашо Ордановски нервозно и хистерично се обидува да најде публика за да го слуша, американската амбасадорка Агелер за Владата предводена од премиерот Христијан Мицкоски смета дека има значителен напредок.

На американската амбасадорка и е мило што Мицкоски е често во Вашингтон.

„Мило ми е што премиерот Христијан Мицкоски и членовите на неговиот кабинет се во Вашингтон. Фактот што тој е неколку пати таму откако ја презеде неговата позиција како премиер, исто како и многу други министри, само зборува за близината на нашите односи и на многу начини покажува дека ние како САД и Македонија билатерално може да соработуваме. Очекувам таа соработка да биде зајакната“, рече Агелер во одговор на новинарско прашање на настанот за примопредавање возило на Црвениот крст.

Напредокот на Македонија на маѓународен план, стекнувањето на пријатели и потрагата по нови инвестиции им прави нервоза на опозициските „експерти“ како Ордановски.

Ордановски не може да прифати дека светот се менува, времињата се менуваат, тој менуваше трибини и навивачки групи но веќе не може да седи ниту на трибина а камоли да биде играч на теренот. Кој дрес и да проба да го облече Ордановски не игра веќе одамна на терен, а се потешко наоѓа и место на трибините. Концентрацијата на Ордановски на плукање по ВМРО -ДПМНЕ и се што е добро за Македонија е само губење на време и енергија.

Бледи, попусти и залудни се обидите на Ордановски да најде нови спонзори како што беше лажна и измислената изновација на братот на Ордановски за која владата на СДСМ им додели 350.000 евра за плагијат.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Трудо: Украина треба да биде вклучена во мировните преговори

Следно

МД „Илинден“-Тирана: Нема ништо поубаво од тоа да се пишува, твори и зборува на својот мајчин јазик

Latest from Blog

Сити носи замена за Родри од Франција

Мароканскиот репрезентативец Ајуб Боудади ќе биде замената за легендарниот Родри во тимот на Манчестер Сити. Играчит на Лил, кој што е проценет на 100 милиони евра, летово ги промени националните бои и

Речиси 6 милиони денари промет: Макпетрол повторно во фокусот на инвеститорите

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 11.08.2026 заврши со пад на индексот МБИ10, кој изнесуваше 9.243,99 поени. Во однос

Николоски: Македонија го решава проблемот со транспортерите преку билатерални договори

Македонија самостојно преку билатерални договори го решава проблемот со транспортерите. Веќе имаме такви договори со Швајцарија, Хрватска и Романија, а работиме со Австрија, со Германија и Унгарија. Тоа е систем на ЕУ

Николоски: Првите 30 електрични автобуси ги очекуваме во декември или јануари, а во првиот квартал на 2027 ќе го завршиме автопатот Охрид – Кичево

Првите 30 од вкупно 150 електрични автобуси се очекува да пристигнат во земјава во декември или јануари, а целата набавка да биде реализирана во рок од година и половина, соопшти вицепремиерот и
Go toTop