Тројца македонски државјани евакуирани од пожарите во Грција – еден е повреден

August 24, 2023
1 min read

реклама



Во пожарите во Грција, според досегашните информации добиени од надлежните институции на земјата, меѓу загинатите нема државјани на Северна Македонија. Има еден повреден државјанин на Северна Македонија, возач на камион чија приколка била опожарена додека поминувал преку подрачје зафатено со пожари, во близина на Александропулис, соопшти Министерството за надворешни работи.

-Возачот добил изгореници, кои се третирани во локалната болница. Во непосредна близина, се наоѓа и втор камион со македонски регистарски таблички, кој поради механички дефект, не е во возна состојба. Тројцата наши државјани, кои се наоѓале во двата камиона, на време биле евакуирани и на пат се кон Северна Македонија, се наведува во соопштението од нашето МНР.

реклама

Министерството за надворешни работи воедно, посочува дека со загриженост и внимание ја следи актуелната вонредна состојба во Грција, настаната како разултат на последните шумски пожари, кои резултираа со човечки жртви и други големи загуби.

Грчките власти од вчера наредија нова евакуација на островот Евбоја, во близина на Атина, а пожарникарите успеаја да го изгаснат пожарот во близина на местото на древните Олимписки игри, во з

реклама

-Во оваа прилика, би сакале да изразиме сочувство до семејствата на загинатите и да им посакаме брзо закрепнување на повредените, наведуваат од МНР.

Министерството преку својата Амбасада во Атина и Генералниот конзулат во Солун, се посочува, одблиску ги следи состојбите и останува во тесна комуникација со грчките надлежни институции и нашите државјани. Доколку има нови информации, дополнително ќе ја известиме јавноста.

реклама

Воедно, апелираат до нашите државјани, доколку се наоѓаат во погодените подрачја и имaaт потреба за помош, да ја контактираат нашата Амбасадата во Атина, преку следните СОС телефонски броеви: 00302106749585 / 00306944743071, Генералниот конзулат во Солун на +30 698 720 0410 или Министерството во Скопје на +389 75 273 732.

реклама



VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

Анчелоти: Реал нема да потпише договор со Мбапе во овој преоден рок

Следно

Ганви: Село изградено на вода од луѓе кои избегале од ропство во Африка

Latest from Blog

Три хороскопски знаци на кои животот им тргнува на подобро од 5-ти ноември

Среда, 5-ти ноември, носи пресвртница за три хороскопски знаци на кои животот конечно им тргнува на подобро. Благодарение на влијанието на Месечината во Бик, менталната и емоционалната енергија ќе бидат на својот

Годишна конференција за здравство: „Моќта на навремената акција за здравствен систем што испорачува“

Американската стопанска комора во Северна Македонија (АмЧам) ја одржа Четвртата годишна конференција за здравство, под мотото „Моќта на навремената акција за здравствен систем што испорачува“, која оваа година беше посветена на потребата од конкретни и

Бојкоски најавува нулта толеранција за лични навреди и дискредитации во Советот на Битола

Новoизбраниот претседател на Советот на Општина Битола, Бојан Бојкоски од ВМРО-ДПМНЕ, на првата изјава по изборот порача дека во Советот нема да се дозволат лични навреди и дискредитации и дека дебатата мора

Омерагиќ: ФФМ дава поттик за развој на женскиот фудбал

Фудбалската федерација на Македонија обезбеди нова спортска опрема и вкупно 230 фудбалски топки за 23 клуба кои се натпреваруваат во сите возрасни категории во женска конкуренција, информира претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ.

Проданоски ја подобрува спортската инфраструктура во училиштата во Прилеп

Денес во дворот на ООУ „Рампо Левката“ беше промовирано и пуштено во употреба ново, современо игралиште за баскет со тартан подлога и ново осветлување, информира градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски. – Со
Go toTop