Трибина за Петар Драганов, руски славист и македонист со бугарско потекло, застапник на етнокултурната различност на Македонците

December 20, 2024
1 min read

Одделението за културна историја при Институтот за национална историја во Скопје, на 24 декември (вторник), ќе организира Тркалезна маса „Петар Драганов – славист и македонист“.

Настанот се организира по повод 130-годишнината од издавањето на „Македонско-словенскиот зборник“ од Петар Драганов – еден од првите и најистакнатите странски проучувачи македонисти од крајот на 19 и почетокот на 20 век, кој во своите трудови се искажал во прилог на етнокултурната различност на Македонците од другите етникуми и култури на Балканот.

Воведно излагање ќе одржи проф. д-р Билјана Ристовска-Јосифовска, раководителка на Одделението за културна историја при Институтот за национална историја.

Петaр Драганов (1857 — 1928), e руски филолог, славист и македонист, роден во Комрат, во Русија. По потекло е Бугарин од Бесарабија. Студирал историја и филологија на универзитетот во Санкт Петербург.

По покана од Бугарската егзархија, од 1885 до 1887 година работи како професор во Солунската машка гимназија.

Во Солун доаѓа како приврзаник на бугарскиот став за македонскиот како дел од бугарскиот национален идентитет. Но, по обемните етнографски истражувања во Македонија, изградува сопствени ставови за етничкото потекло и културниот идентитет на Македонците. Според Драганов, Македонија претставува засебна етнографска целина на Балканот, исто како што македонските говори се дел од посебен македонски јазик. Поради ваквите негови ставови кои биле во директен судир со теориите на неговите бугарски работодавачи, Драганов се враќа во Русија каде преку бројни написи и предавања ги поставува темелите на македонистиката во Русија.

Тркалезната маса „Петар Драганов – славист и македонист“ ќе се одржи на 24 декември (вторник) 2024 година со почеток во 12 часот во Институот за национална историја.

ИЗВОР: racin.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Калаџиев: Груби е веќе политички осуден во јавноста како „ноторен криминалец“ и нема судија што нема да го осуди

Следно

OJО за Дрин Ахмети: Пиротехничкиот материјал кој бил пронајден и одземен не е од поголемо количество кое може да иницира кривичен прогон

Latest from Blog

Комуналец Прилеп: Секој агол од Могилата сведочи за грижа и посветеност

Паркот на Могилата во Прилеп и оваа сабота ги пречека посетителите во беспрекорна состојба – чисти патеки, уредени зелени површини и пријатна атмосфера што ги привлекува граѓаните да го поминат слободното време

ВИДЕО – Проданоски: Најголемата инвестиција е инвестицијата во нашите млади

Во прекрасниот амбиент на паркот кај Могилата на непобедените во Прилеп, вечерва беше одржан настан посветен на најуспешните ученици, учесници на државни и меѓународни натпревари, како и на првенците на генерациите. Дејан

Браво за Зеленортските Острови

Синоќа и утринава се одиграа уште шест меча од 3.коло во групната фаза на ова СП. Интересни резултати, сензации, имаше и калкулации ама секако дека најголемото пријатно изненадување е селекцијата на Зеленортските

Македонската берза ја заврши неделата со промет од 72,8 милиони денари

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Во периодот од 22.06.2026 до 26.06.2026 година, вкупниот промет на сите пазарни сегменти изнесуваше 72.798.475 денари, од кои
Go toTop